5.1 C
Прилеп
вторник, 26 ноември, 2024
Пела Радио

Седница на Советот – советниците бараа одговор: за состојбата со водата, кучињата скитници, за детската градинка…

Советот на Општина Прилеп ја одржа 52та седница предвидена за советнички прашања, а советниците го користеа своето право и бараа одговор за работата на локалната самоуправа и јавните комунални претпријатија: за состојбата со кучињата скитници во градот, за состојбата со хигиената , квалитетот на водоснабдувањето, за инфраструктурата, за детската градинка во нас. Точила, за состојбата со амбиенталниот воздух во Прилеп, за уличноо осветлување во градот, за состојбата со паркинг просторот, за заштита на изворите во Оревоец итн.

На прашањата поставени од советниците, одговараше градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески, како и раководителите на локалната самоуправа и директорите на ЈКП.

“Прилепчани имаат право на слободно дивжење. Состојбата со кучињата скитници е алармантна.  Знам дека проблемот е комплексен и тежок, но кај вас се алатките и решенијата, за да го вратиме основното човеково право на слободно движење! дискутираше Моника Грашоска и бараше одговор кога ќе се реши овој проблем во Прилеп и одговор за лошата состојба во која се наоѓаат прилепските улици.

 

   Градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески одговори дека макимален е напорот на локалната самоуправа и Комуналец за заловување на кучињата скитници, за нивното згрижување и здравствена безбедност.А, за прилепските улици, тој укажа на досегашното сработено од локалната власт во реконструкција и рехабилитација на  улиците низ градот.

Советниците се интересираа зошто до овој момент Општина Прилеп нема склучено договор со фирма за зимското одржување на улиците, каков е квалитетот на водата за пиење,  каков е квалитетот на воздухот во Општина Прилеп …

Директорот на ЈКП “Водовод и Канализација“ образложи дека заматеноста на водата што се појавила неодмна, се должи на пуштањето на бунарите, но анализите покажале дека водата е исправна и дека “пред да се вклучат бунарите во системот биле детално „испрани„ – рече тој  и додае “така да,  во системот никој не би пуштил вода која е не исправна за пиење“.

„Нема ниту загаденост на воздухот“, информираше градоначалникот на Прилеп, посочувајќе дека се води строга контрола и мерења на PM честичките и дека Прилеп досега, споерд мерните центри, не бил загаден град.

Во Буџетот, во наредната година, ќе биде опфатен и бесплатен оброк за децата до трето одделение, објасни Јовчески на советничко прашање “дали локалната самоуправа сноси одговорност зошто сите деца немаат исти третман  кога е во прашање бесплатнитот оброк?.

Стана, повторно збор и за тоа кога ќе биде пуштена во употреба новата детска градинка “Бајка“. Советниците прашаа “зошто сеуште не е ставена во функција?“.

Се чека финансиска согласност од Министертвото за финасии“, одговори градоначалникот, посочувајќи дека конечно градинката ги исполнила сите критериуми и стандарди кои не биле предходно исполнети,  за до февруари да биде аплицирано и за уште една детска градинка со средна големина.

Советниците побара од локалната власт да обезбеди поквалитетно организирање на новогодишната програма за подобро новогодишно расположение, со поквалитетно новогодишно украсување на градот за дочек на Новага година, но како во советничките пршања не беше изоставена и темата, спортот.

“Издвоивме 4 милиони денари предходно, односно 5 милиони денари минатата година од Буџетот за спортот. Спортот е на маргините, а за оваа ставка страмота е што од Буџетото се издвојуваат само 0,30 % за спорт. Општината не вложува за развој на младите спортисти, ниту пак, некогаш сме субфенционирале во младите. Спортската инфраструктура пропаѓа. Еден таков пример е салата “Партизан“ која се распаѓа. Дали за Буџетот во 2025 ќе одвоите барем 300 илијади евра за спорт во Прилеп?.“-  праша советникот Александар Ѓорѓиоски, споредувајќи ги издвојувањата за спортот од Буџетите во дугите градови во Макеоднија кои имаат и помал број на жители од Прилеп

Стана збор и за итноста од формирање на младинскиот Центар во Прилеп, како законска обврска која не е исполнета од страна на општина Прилеп.

“Имаме проекти за рехабилитација и доизградба на спортски сали, и ќе се покрижиме еден од објектите “Универзална сала“ да стане функционална, затоа што не се само се потребни финасии за клубовите, туку и важни се услови за работа на спортисите.“ – објасни градоначалникот, одговорајќи дека за младинскиот центар се чекаат младите да одлучат за локацијата каде сакаат тие,  центарот да биде лоциран.

Советникот,  Марија Симоноска дискутираше за недостигот на паркинг простор и праша кога ќе има субфенции за клима уреди и пилети?

Проблемот со паркинг просторот е создаден од предходната власт, која не испланирала паркинг простор при изградбата на сообрајќаното решени  Булеварот “Гоце Делчев“, одговори градоначалникот

Прашања поврзани со инфраструктурата, социјална заштита,  состојбата со протестите на жителите од Оревоец за зачувување на  изворите за вода во близина на  Оревоец, поради ископите од страна на Јавното претпријатие за државни патишта и “Бехтел и Енка“, исто така беа дел од советничките прашања.

“Што градоначалник ќе преземете за заштита на природата и изворите кај Оревоец?“ праша советникот, Катерина Кузеска, елаборирајќи ја причината за осуммесечниот протест на жителите од с. Оревоец .

Од првиот ден активно се произнесов дека треба да ги знаеме сите параметри до кој степен се одразува концесијата (која не е издадена во мојот мандат) за ископ во тој регион. Испитани се сите точки, што би можело да се случи. Тука се вклучува и нашата обиколница. Тука има рудници уште на три /четири концесионери, кога е во прашање прашината. Објектот “Пашовски ливади“ нема потреба да се мешаат со овој настан.“, рече Јовчески и го повика директорот на ЈКП “В и К”, Игор Гулабоски да објасни подетално за тој проект.

“Каптажата за село Оревоец е посебна, Пашовски ливади само е собиралиште на вода, а ние како Општина Прилеп и ЈКП немаме ингеренции во сето тоа со Оревоец.“ објасни накусо, Гулабоски.

Недобивајќи јасен одговор по ова прашање, советниците немаа повеќе прашања, па  Претседателката на Советот, тука ја затвори 52 седница на Советот на Општин Прилеп наменета за советнички прашања.

 

Би можело да ве интересира

Бојмацалиев на работна средба во ОВР Прилеп, Крушево, ПС Кривогаштани и СВР Битола

Пела Редакција

(ВИДЕО) Агро совети за спас на реколтата тутун и градинарски култури

Реализацијата на развојните планови во Прилеп наместо за една се развлекува за две наредни години

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе