11.2 C
Прилеп
петок, 9 мај, 2025
Пела Радио

Победникот на „Никогаш не е доцна“ Сашо Башески со нова преработка (ВИДЕО)

Прилепчанецот Сашо Башески, победник на минатата сезона на познатото балканско музичо шоу „Никогаш не е доцна“ (Никад није касно“) денес на социјалните мрежи промовираше нов музички запис.

Станува збор за преработка на македонската народна месна „Еј мори Маре“, придружена со спот, снимен во Прилеп.

Огромно е задоволството да се соработува со еден од најдобрите машки вокали во Македонија но голема е и одговорноста да се направи обработка на македонска народна песна а да не се поместат границите на културното наследство! Се надевам дека ќе ужувате во нашето музичко парче кое Сашо Башески извонредно го интерпретира…-напиша на својот профил на Фесбук, музичарот Мендо Ташкоски

Новиот музички материјал на Башески е во продукција на WOW MUSIC. На хармоника настапува Мендо Ташскоски, на кларинет Димитар Настески, на гитара Марјан Стоименов-Џика, а аранжманот го направи Mендо Tашкоски.

Аудио материјалот е снимен во MY music studio во Прилеп.

Башески имаше успешен настап и на музичкиот фестивал Фолк фест-Валандово.

 

 

Би можело да ве интересира

„Прилеп Фото Фест“ за љубителите на фотографијата

Пела Редакција

❤️За ВИКТОР ХУМАНИТАРЕН СОБИР СО АВТОМОБИЛИ🚗

Пела Редакција

Овде или во Вечноста?- роман, првенец на прилепчанката Билјана Тинтоска

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе