Македонската музичка сцена е збогатена со нова инспиративна песна – „Better“ од Brass Brothers, која носи силна порака за надеж, упорност и животни лекции.
Музичкото видео за оваа песна е дело на Никола Грнчаров, еден од најголемите поддржувачи на македонската музичка сцена, чија визија и креативност совршено го доловуваат духот на песната.
Текстот и музиката се создадени од Горан Мицевски Кус, кој преку ова дело нè потсетува дека, дури и во најтешките моменти, животот нуди можност за нов почеток. Текстот инспирира со своите стихови:
„Животот е патување, приказна без крај.
Секогаш ќе биде подобро.
Колку пати човек може да падне,
а никогаш да не престане да се издигнува?“
Пораката која сакаме да ја пренесеме до јавноста преку песната е едноставна, но моќна: Без разлика на предизвиците со кои се соочуваме, животот нè учи дека секогаш постои утро после ноќта, светлина после темнината. Само треба да продолжиме да се бориме и да веруваме дека ќе биде подобро.
„Better“ не е само песна – таа е потсетник дека животот е патување исполнето со искуства кои нè обликуваат и инспирација да продолжиме понатаму.