3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Силјаноска Давкова: Институтот за тутун е илјадници страници долга и недопишана приказна за тутунот

Научниот институт за тутун – Прилеп е најстара научна институција во Македонија, една од најстарите на Балканот, а која денес е дел од Универзитетот “Св. Климент Охридски” – Битола. Од формирањето како опитна станица во далечната 1924 година, 100-годишното постоење на оваа научна институција ја карактеризира постојан развој во: научно-истражувачката, образовната, апликативната, производната и издавачката дејност. Одбележувањето на јубилејот денеска беше  во присуство на Претседателката Гордана Силјаноска Давкова, научни работници, градоначалникот Борче Јовчески, министерот за земјоделство Цветан Трипуновски, пратеници, советници.

„Одбележуваме 100 години постоење. Илјадници страници долга, и сеуште не допишана приказна за тутунот, низа успеси дома и надвор. Оваа за мене уникатна образовно – научна институција продолжува да биде инпулс на знаењето и поттик на потрагата по потрагата на нови решенија за унапредување на економијата и земјоделството и одгледувањето на тутунот, како и справување со климатските закани во производството, но и со здравствените ризици. Длабоко вкоренет во тутунската индустрија, овој Институт се издвојува како познат и ценет познавач и квалитетен и почитуван фактор при решавањето на суштинските проблеми во производството и обработката на тутунот,“ рече меѓу другото Гордана Силјаноска Давкова при денешното обраќање.

Ректоратот на Универзитот “Св. Климент Охридски” – Битола на Институт за тутун оваа година им остапи на користење централната универзитетска биохемиска лабораторија. Несомнено е за натамошен развој на научната мисла во служба на економијата, Институтот има потреба од постојана надградба со научно технички помагала, но и со млади кадри за продолжување на богатата научно истражувачка дејност посочи проф. др Валентина Пеливаноска, директорка на Институтот за тутун Прилеп.

Оваа научна институција  е фокусирана на креирање на нови, одржување и подобрување на веќе признатите сорти тутун; примена на современи агротехничките мерки; проучување на болести, штетници и плевели и примена на интегрални мерки за заштита од штетните агенси; одредување на хемискиот состав на тутунот и тутунските преработки; следење на процесите на побербената обработка на тутунската суровина и проучување на тутунското стопанство од економски аспект и др.

Би можело да ве интересира

Нема докази дека добитокот и домашните миленици можат да го пренесат COVID-19 на луѓето

Прилеп: 6 починати и 56 новозаразени во изминатото деноноќие

Гордана Цветаноска

Со минирање започнаа градежните работи на автопатот Прилеп – Битола, недостигаат работници

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе