18.2 C
Прилеп
петок, 9 мај, 2025
Пела Радио

„Шеќерното дете“ од Ресен ќе гостува во Прилеп

На 10 декември со почеток во 18.30 часот, во Кино Мис Стон во  Прилеп, ќе биде прикажана претставата „Шеќерното дете“ по текст на Славко Јаневски, а адаптирана од Даринка Веслиевска.
Станува збор за театарска претстава за деца како дел од интердисциплинарниот проект „Шеќерното дете и занаетчиите“ во реализација на Здружението за граѓанска иницијатива во културата „Жар Преспа“ од Ресен.
Претставата „Шеќерното дете“ е автентично доловена според книгата „Шеќерна приказна“, но не е толку лесна за подготвување, има брзи промени и помалку текст со повеќе движења на сцена.

Дечињата, кои беа на возраст од шест до 13 години, и покрај тоа што ова беше нивно прво искуство поврзано со театарот, глумеа беспрекорно и целиот тим создаде волшебно убава претстава. Посветеност, труд, соработка и пред сѐ љубов беа факторите што донесоа успех. Успехот се гледаше во сјајот во очите на публиката, вниманието со кое нѐ следеа и во насмеаните лица. Ќерката на писателот Славко Јаневски, Јана Јаневска, која ни даде одобрение да ја подготвиме претставата, ни се јави пред премиерата и ни посака успех. Беше среќна дека повторно го оживеавме прекрасното дело на нејзиниот татко. Уште наредниот ден добивме покани да гостуваме во други градови и да играме на голема сцена – рече Даринка Веслиевска од здружението Жар Преспа, непосредно по  премиерната изведба на претставата. 

Влезници за претставата можат да се купат од билетарницата на киното денес до 12 часот, во вторник од 10 до 12 часот или еден час пред почетокот на претставата.

Би можело да ве интересира

Нови 180 случаи на Ковид 19, во Прилеп нема нови регистрирани

Гордана Цветаноска

Од 15 ти ноември започнува обврската за носење зимска опрема

Пела Редакција

“Снежана на крајот умира“, најновиот македонски филм на Кристијан Ристески, конечно во Прилеп

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе