16.1 C
Прилеп
петок, 9 мај, 2025
Пела Радио

Брошурата ,,Превентивата е подобра од лекот’’- водич за важноста на превентивните прегледи

Зружението за унапредување на здравјето ФИЛИП ЛУКАРОСКИ со поддршка од ЕЛС Општина Прилеп одржа трибина со наслов ,,Превентивата е подобра од лекот’’.
Здружението исто така ја промовираше и брошурата ,,Превентивата е подобра од лекот’’ со цел едукација за важноста на превентивните прегледи.

Одржувањето на добро здравје бара повеќе од правилна исхрана и физичка активност – редовните годишни здравствени прегледи се клучни за рано спречување и откривање на потенцијални здравствени проблеми. Иако може да се чувствувате здрави, превентивните прегледи може да откријат скриени проблеми и да овозможат навремен третман, посочија на трибината на Зружението за унапредување на здравјето ФИЛИП ЛУКАРОСКИ 

Без разлика на возраста или полот, овие прегледи овозможуваат рано откривање на потенцијални здравствени проблеми и обезбедуваат можност за интервенција на време.

Посетата на лекар не е резервирана само за ситуации кога се чувствувате болни. Редовните прегледи се клучни за одржување на здравјето на долг рок. Не го занемарувајте своето здравје и редовно посетувајте лекар за да го одржите оптималното здравје и да спречите болести,беше нагласено на трибинатата која говореше за машкото здравје, промовирајќи ја брошурата “Превентивата е подобра од лекот’’ 

На трибината говореа д-р Жарко Митрески, невролог, д-р Љубица Илиеска и д-р Влатко Кузманоски, уролог.

Би можело да ве интересира

Вечер на унгарски танци

Пела Редакција

(ВИДЕО)Таравари: Само компетентните договорци ќе се вратат на работа

Пела Редакција

За 300 жени вработени во Витаминка, бесплатни ехо-прегледи на дојка и тироидна жлезда

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе