29.7 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Перото на македонските автори за деца во нашата училница

Основното училиште „Рапмпо Левката“ успешно го спроведува проектот „Перото на македонските автори за деца во нашата училница“ органзиран од Здружението на одделенски наставници.

Ученциите од 3-а и 3-в одделение, заедно со наставничките Билјана Илиоска и Снежа Ѓорѓиоска, на гости го поканија поетот Филип Димкоски кој со радост ги прифаќа поканите од училиштата.

Настанот почна со презентација на творештвото на поетот подготвена од наставничките и од учениците, потоа поетот им прочита дел од своите песни и одговараше на интересните прашања од учениците, ни гу слушна и нивните рецитации.

Следеше работилница во која учениците ја изразија својата креативност преку краснопис и украсување на песни од Филип Димкоски и изработка на корица, креирајќи „Книга на паралелката“. Најкреативните ученици добија книги и списанија  од авторот како награда за вложениот труд.

Ваквите средби ќе ги поттикнат учениците на љубов кон пишаниот збор и сопствениот јазик-велат наставничките.

Aвторката Лина Димоска, пак, која периодов е актуелна со нејзината книга „Мачорот Тане“ ги псоети вторачињата од второ-а одделение од  ООУ „Рампо Левката“ и нивната наставничка Габриела Салатоска.

Се запознавме со животот и делото на авторката, уживавме во нејзиното читање и прераскажување, дискутиравме, извлекувавме поуки и на крајот илустриравме омилен момент од книгата од кој ја склопивме и нашата книга на паралелката-ни рече наставничката Салатоска.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Би можело да ве интересира

Јованоски: Упатувам апел за поголема одговорност за поефикасно справување со Ковид 19

Не попушта Ковид епидемијата во Прилеп, 4 лица починаа, и рекорден број на новозаразени

Бојан Велевски стартува од Прилеп со својата голема стенд aп турнеја – “Све ли ја да мислам ?” (ФОТО)

Никола Димески

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе