Владата донела одлука субвенцијата за откупен тутун по килограм за годинешната реколта да изнесува 100 денари, наместо досегашната 80 денари за првата класа. Ова денеска го посочи премиерот Христијан Мицкоски при посета на општина Карбинци.
-Она што е охрабрувачки е што целата реколта се откупува како прва класа и се откупува по 400 денери. Исто така, може да кажам дека како Влада донесовме одлука за зголемување на субвенцијата од 80 на 100 денари за килограм, што значи дека заедно со откупната цена и субвенциите секој тутунар ќе добие по 500 денари за килограм тутун, рече премиерот.
Од денеска и откупните компании ја корегираа цената за првата класа која порасна од 375 на 400 денари, а тутунската реколта поради одличниот квалитет се презема само во највисоката- прва класа. Се очекува производството на ориентален тутун во земјава годинава да тежи 17 милиони килограми тутун.