11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Отворена изложбата „Благовестие во бои“ по повод „Св. Никола“

Денес напладне во просториите на Центарот за култура „Марко Цепенков“ беше отворена изложбата на икони „Благовестие во бои“ од уметникот Златко Лечковски.

Целиот негов уметнички пат е поврзан со иконописот, а досега создал околу 3000 дела. Третпат изложува во Прилеп и на оваа изложба се претставува со дваесет дела.

 Делата се изработени во акрилна техника, а меѓу нив е и реткиот мотив Свето семејство. Целото творештво го посветувам на иконографијата затоа што мислам дека тоа е моја мисија-рече уметникот Лечковски.

Златко Лечковски е роден во 1982 година  во Битола, каде и денес живее и твори.  Со негови икони учествувал во неколку заеднички изложби, како и 10-тина самостојни, во најразлични градови од нашава земја Негови дела можат да се видат низ земјите од Европа, а значајно е да се спомнат неколкуте икони што ги изработува за бискупот на Англиканската црква Ричард Чартрес и една икона за папата Франциско.

Изложбата ја отвори историчарот Горјан Василевски во присуство на градоначалникот на Општина Прилеп, претставници на локалната самоуправа, претставници на општинските иснтитуции и граѓани љубители на уметноста и иконописот.

Горјан Василевски, меѓу другото рече дека византиската уметност е нераскинлив дел од суштествувањето на македонскиот народ и на христијанскиот свет.

Со византиската уметност ние се доближуваме кон духовниот свет и преку него да го забележиме тој спој меѓу материјалното и духовното. Фреските најмногу треба да се анализираат најмногу преку очите на светците. Лечковски е сериозен иконописец бидејќи тој ги живее религиозните правила и неговото христијанско чувство го пренесува на луѓето-рече Горјан Василевски куратор на изложбата. 

Изложбата е дел од прославата на патрониот празник на градот „Св. Никола 2024“ и ја реализираат Општина Прилеп и ЦК „Марко Цепенков“.

 

Пишува: Филип Димкоски

Би можело да ве интересира

Прилеп во чест на 11 ти Октомври (ВИДЕО)

Пела Редакција

Зошто Прилеп го одбележува Денот на тутунските работници – 4 април?!

Елизабета Филипоска

69 години постоење на “Војдан Чернодрински “- Прилеп,во исчекување на нова театарска куќа и подобри услови

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе