-1.9 C
Прилеп
недела, 22 декември, 2024
Пела Радио

(ВИДЕО) Ристески во обиколка на прилепските маркети: Мерката “Новогодишна кошница“ успешно се спрoведува

Денеска во Прилеп, заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески ги посети маркетите за на терен лично да утврди како се спроведува мерката „Новогодишна кошница“ и колку граѓаните се задоволни од оваа акција.

Гледам дека производите се  соодветно обележани и дека трговските субјекте направиле корекции со намалени цените 10%  и повеќе  и тоа е добро да граѓаните оти ги препознаат овие производи и ги купаат по намалени цени. Можам да заклучам дека трговците, односно сите чинители на овој процес го почитуваат договореното. Во „Новогодишната кошница„ опфатени се 1000 производи, ги има во над 500 маркети во Македонија, но листата е отворена и маркетите и доставувачите можат да даваат нови предлози за производи за чии цени можат да ги намалат. Онаму каде што потрошувачите забележат не правилности можат слободна да се јават во пазарниот инспекторат“  истакни Ристески во Прилеп.

 

Тој најави дека Министерството за економија и Пазарната инспекција ќе продолжат со мониторинг  на кампањата во заштита на потрошувачите.

Граѓаните кои ги замоливме да го дадат своето мислење за владината кампања “ Помалку трошоци, повеќе за тебе! СЕ ГРИЖИМЕ„рекоа:

Н.М : Мерката можеби е добра, но ние имаме низок стандард и со две пензии не можеме да си дозволиме се што ни’ треба за празниците. 

С.В : „Во различни маркети се различни цените за одреден производ коj е на листата “Новогодишна кошница“, така да сеедно каде пазариме, тешко дека нешто ќе заштедиме “

Р.Л: Не знам што да ви одговорам. Можеби за некого ова е добро.. не знам што да ви кажам! Еве зедов неколку производи од оние кои се обележани,  намалувањето за нив е неколку денари.

Би можело да ве интересира

Од млади за млади – второ издание

Гордана Цветаноска

Денеска повторно Битола и Прилеп најстудени градови во Македонија

Елизабета Филипоска

Од утре стартува исплатата за обесштетување на сточарите за угинатиот добиток од „јазлеста кожа“

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе