-1.4 C
Прилеп
недела, 23 февруари, 2025
Пела Радио

„Шеќерната приказна“- повод за дружба меѓу татковците и децата

„Шеќерната приказна” од Славко Јаневски е лектира за третоодделенците од нашава држава. Станува збор за книга која е неизбежен дел од детството и од образованието на многу генерации македонски ученици.

Но, утрово во одделението трето еден од ООУ „Кире Гаврилоски-Јане“ во Прилеп,   кај  наставничката Розита Кареска, освен на книги и на детство, мирисаше и на вкусни слатки. И тоа не било, какви, туку слатки во форма на шеќерното дете како што слаткарот Марко правел во книгата „Шеќерната приказна“

 

Ама овие шеќерни деца, третооделенците ги изработија дома со нивните татковци, како домашна задача дадена од наставничката Кареска.

Со оваа активност сакав ги поттикнам татковците да поминуваат повеќе време со нивните деца, но и да покажат дека и тие умеат да бидат креативни, да „вмешаат прсти“ во кујната и да им одмалат од обврските на мајките-рече наставничката Розита Кареска.

На гости им беше и Филип Димкоски, поет и новинар, кој им зборуваше за авторот на книгата „Шеќерна приказна“, им раскажа дека Славко Јаневски е автор на првиот македонски роман „Село зад седумте јасени“ но дека исто така тој е познат и по неговата култна лектира „Црни и жолти“, па им ја прочита песната „Пошла прва камила..:“. Тој им го прикажа и едно многу старо издание на книгата „Шеќерната приказна“, отпечатено во 1967 година кое е дел од неговата домашна библиотека.

За библиотеката на училницата, учениците од Димкоски добија и примероци на списанието „Полжавче“, но и три книги од библиотеката на поетесата за деца Бистрица Миркуловска што ќе им послужат за идни креативни часови по литература.

 

Би можело да ве интересира

Што се случува во Основниот Суд во Прилеп?! Од 18-сет Судот остана со 4-ца судии и никој не се јавил на објавениот оглас за судија во Прилеп

Елизабета Филипоска

Изложба на фотопортрети , промоција на книга „И јас сум тука“ и проекција на филм

Гордана Цветаноска

ОК ВМРО ДПМНЕ: Министерот Љупчо Николоски остана глув на барањата на тутунарите

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе