26.5 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Борче Сркески е среќникот за Водици во Големо Коњари

Во Големо Коњари, најсреќен за Водици оваа година беше Борче Сркески на традиционалното празнување со положување на чесниот крст во речните води на кое учествуваа 20 тина млади. Свеченостите започнаа рано утринава со празнични богослужби на кои присуствуваа голем број на верници.

Вековната традиција на честување на еден од најголемите православни празници Богојавление Водици се одржа и во населените места Селце, Витолиште, Бешиште, Ново Лагово,  Беровци, Клепач, Ерековци, Полчиште, Галичани, Чепигово, Подмол,Тополчани, Штавица и Загорани.

„Бог се јави!“ е поздравот со кој што верниците се поздравуваат на овој ден. Фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа, а се верува дека со положувањето на крстот, водите стануваат лековити.

Богојавление се одбележува уште од вториот век. На овој ден, според христијанското предание, Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан. Празникот се нарекува уште и Водици поради големиот водосвет што го извршува црквата на овој ден.

Би можело да ве интересира

Исчезнат е Петар Рујаноски – Стојановски од Прилеп , семејството бара помош

Нови 4 позитивни случаи во Прилеп

Од утре на полноќ настапува изборниот молк, во понеделник ќе гласаат лицата со COVID-19 и во самоизолација

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе