9.1 C
Прилеп
понеделник, 21 април, 2025
Пела Радио

Земотрес во Албанија почувстуван и во Македонија

Земјотрес утрово во 11 часот и 1 минута ја потресе Албанија со интензитет од 4.9 степени по Рихтер. Потресот е регистриран северозападно од Тирана, на длабочина од 10 километри.

Ударот е почувствуван и во Македонија, особено во западните и јужните делови од земјата. Епицентарот бил на 170 километри западно од Скопје, а бил почувствуван во Скопје, Тетово, Гостивар, Кичево, Дебар, Струга и Охрид. Во поширокиот Дебарски земјотресот  ги вознемири жителите. Оние кои живеат во повисоките станбени објекти ги напуштија домовите. Нема информации за повредени и за материјална штета.

Според првичните информации, што ги пренесуваат албанските медиуми, епицентарот на земјотресот е на 28 километри северозападно од Тирана, во подрачјето на Драч и е со јачина од 5,2 степени. Засега нема информации за материјална штета, но голема вознемиреност земјотресот предизвикал кај туристите во Драч и Валона.

Би можело да ве интересира

Два пожари истовремно, едно лице повредено

Елизабета Филипоска

Пролетен меѓународен куп Крушево 2019

Елизабета Филипоска

Прилеп: Нови 8 позитивни и прва жртва од Ковид 19

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе