0.8 C
Прилеп
петок, 27 декември, 2024
Пела Радио

(ВИДЕО)Јакимовска: Суштина, тло и темелот на една компанија е ЧОВЕКОТ!!!

Комфи Ангел е пример за напредна компанија во која човекот –работник и човекот-административец, и менаџер е во содејство, во синергија, за заедничка мисија во креирање на заедничка иднина и просперитет. Две децении ваквата методологија се гради во услови кога надворешните фактори се менуваат, но заедничкиот именител останува ист – човекот е во центарот на создавањето, на креациите, на напредокот и на развојот за доброто на сите!

И наспроти денешните модерни тумачења за вредноста на човековиот труд, на  работната сила, на работниците во кои се’ се сведува на „човечки ресурси“ или раководење со капацитетите на работната сила како примарна енергија за создавање профит, а во кои вештачката интелигенција има голем удел исклучувајќи ја вредноста на човековиот труд, во Комфи Ангел работниците, луѓето кои директно работат со машините за производство се основата – примарната енергија која го води процесот за создавање.

Ова е основата на која се темели успехот на дведеценискиот развој и успех на Комфи Ангел, еден од бренд симболите на текстилната индустрија на Прилеп и Македонија. Менаџерскиот тим, под водство на Ирена Јакимовска, оваа извозно ориентирана компанија која е препознатлива во Велика Британија и во земјите на Европската Унија гордо, со цврсти чекори својот авторитет во сферата на текстилната индустрија авторитетот го гради како организација која во прв план го става човекот, зашто мисијата е „Градиме компанија која ќе постои и после нас!“.

Кои се постулатите  за тој успех и што Ирена Јакимовска, генерален менаџер на Комфи Ангел, им препорачува на своите македонски колеги менаџери?! „Во основа на се’ е човекот,“ вели Јакимовска:

– Она што можам да го кажам е дека – човек без човека не би биле ништо! Нашата суштинска вредност на креирање на постоење на нашата мисија и визија е дека: „Креираме компанија која што ќе постои и после нас!“ Ова преку создавање на подобар животен стандард и сигурност на нашите вработени. Оние кои што ја создаваат дополнителната вредност на компанијата, оние кои што се компанија, сме сите ние внатре, единка, секој еден, кој што е составен дел од тој еко систем што се вика Комфи Ангел и секоја единка треба да биде соодветно вреднувана според процедурите и политиките на компанијата. Дискриминација не смее да има по никаков основ, и конечно после 20 години процес на еволуирање, треба време да се дојде до вистинските луѓе и можам да кажам дека имам тим кој што го има истиот начин на размислување и истата емоционална интелегенција која што е многу поважна во 21 от век од колку другата интелигенција, а тоа е пред се’ – човекот! Да, ние сме многу голема, и иновативна, и многу голема, и покрај тоа сме „слон“, меѓутоа сме „еластичен слон“ кој што може многу брзо да се прилагоди на новонастанатите ситуации, бидејќи како и останатите компании живееме во едно „глобално село“. Многу сме прилагодливи на напредните технологии на глобализација, технологија, дигитализација тоа е нешто што од пред неколку години почнуваме да го применуваме – инвестираме во компанијата, меѓутоа она од што не се откажуваме и што е суштина на компанијата, што е тлото и темелот  е ЧОВЕКОТ!!!  

Би можело да ве интересира

Во една седмица се разболеле 198 лица

Елизабета Филипоска

Димитриевски од ЗНАМ го прифати повикот за национално обединување на Мицкоски

Пела Редакција

ВО ПРИЛЕП НЕ Е ПРОБЛЕМ, А СЕ’ Е ПРОБЛЕМ!(14)

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе