4.5 C
Прилеп
четврток, 2 јануари, 2025
Пела Радио

До крајот на работниот век со Комфи Ангел – седум се пензионираа за вработување на нови генерации

Пензионирањето е ново поглавје во животот на човекот.Тоа е периодот кога завршува работникот век, но почнува нова можност, за нов начин на обликување на животот. А,  лојалните работници, оние кои остануваат до крајот на својот работен век во компанијата,, преставуваат двигател на успешноста на компанјата. Тие се оние вредни и етички корекни луѓе , кои  создаваат можност за подобрување на работата,  им помагаат на колегите и помагаат во успехот на компанијата. Но, и создаваат можност да се вработат нови генерации.

Секој работодавач и претприемач посакува да има лојални работници во неговиот тим. А, такви работници веќе 20  години “гради“ компанијата Комфи Ангел, па од оваа комапнија, работниците , не заминуваат – туку оттука одат среќни во новото поглавје од нивниот живот – пензионирањето.

Токму,  Новата 2025 година СЕДУМ работници од Комфи Ангел, ќе ја паметат како година кога им започнале пензионерските денови, отстапувајќи простор за идни генерации, среќни што придонесле оваа компанијата да се развива со нивниот труд и работен ангажман.

Менаџерскиот тим на  компанијата им се заблагодари за нивниот долгогодишен работен век  и верба во компанијата , за нивната чесност и етичка работа, со кои придонеселе за квалитетна и ефикасна работна атмосфера,  и што со нивниот труд и лојалност создале услови и можности за вработување на нови млади генерации.

Креиравте подобра работна средина за нови 7 вработени од новите генерции кои што се иднината на Комфи Ангел“ –  стои на официјалната ФБ страна на Комфи Ангел, со која им се заблагодарува на пензионираните работници од нивниот тим

Би можело да ве интересира

Витаминка на саем во Дубаи

OK ВМРО ДПМНЕ: Пачешкоски, по 2 трансфери се „вдоми“ во Тутунски

Четири државјанки од Непал, работнички во прилепска фирма пријавени за исчезнати

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе