18.2 C
Прилеп
петок, 9 мај, 2025
Пела Радио

Храм Св.Петка: прогласувањето на победниците од Божиќниот конкурс“ в понеделник, на 6ти јануари

Организаторот на традиционалниот ликовен и литературен божиќен конкурс на тема „Рождеството Христово Божик во нашиот дом“, храмот „Света Петка“ во населбата Точила, Прилеп, в понеделник на шести јануари ќе ги прогласи победниците и ќе доделни пригодни награди за учениците од основните училишта од Прилеп.

„Со голема радост ве известуваме дека прогласувањето на победниците и доделувањето на наградите ќе се одржи на 06.01.2025 г. (понеделник) – на Бадник, со почеток во 11:00 часот, во храмот „Св. Петка“ во населбата Точила, Прилеп. Свечениот чин ќе биде збогатен со музичка програма која ќе внесе дополнителна празнична атмосфера, а истовремено ќе биде отворена и уметничка изложба со дел од литературните и ликовни творби создадени од нашите млади учесници, стои во известувањето од в.д старешината на храмот „Света Петка“ протоереј Љупче Петрески.

Би можело да ве интересира

„Не за бугаризација“,вечерва протест во Прилеп ?!

Извидниците од Прилеп со нов проект – „Извидничко движење за подобар свет“

Гордана Цветаноска

Асфалтирани краци од „Пчиња„ за возачите да немаа сообрајќани проблеми

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе