2.9 C
Прилеп
сабота, 4 јануари, 2025
Пела Радио

Детската Амбасада за сите деца во светот по 19 ти пат организира „Божиќен ручек“

Детската Амбасада за сите деца во светот ќе го реализира својот 19 ти „Божиќен ручек“ за: децата
без родители, за деца со пречки во развојот, децата болни од церебрална парализа, децата на загинатите бранители и други редовни и истакнати деца од државава. Целта е јасна како во изминатите години да се даде на знаење дека децата се едно, децата се само деца.

Во изминатите години факт е дека со самиот овој настан на децата од сите краеви на нашата држава, децата се социјализираат и почитуваат помеѓу себе, без разлика на која целна група припаѓаат. Учество земаат деца од различна верска исповед, кои говорат различен мајчин јазик, од различен пол, децата кои на овој настан се чувствуваат деца, далеку од сите социјални и економски состојби. 

Детската Амбасада за сите деца во светот изминативе години остана препознатлива по настанот кој ги обединува сите деца во Прилеп по повод еден од најголемите христијански празници Божик. Пораката е јасна дека децата не треба да се двојат ниту по вера, ниту по нација, ниту по мајчиниот јазик.  На оваа прослава Детската амбасада за сите деца во светот го доделува највисокото признание за општествена одговорност „Орден за носител на мирот“. За 2024 та година признанието го доби Прилепска пиварница. Ќе бидат доделени плакети за „Пријател на децата“.

 

Би можело да ве интересира

Најдоброто од Берлинскиот филмски фестивал во Крушево

Гордана Цветаноска

По повод 3-ти Ноември награда за животно дела за тројца еминентни прилепчани

Елизабета Филипоска

Денеска,15 Мај е Ден на македонското знаме!Што преставува македонскотo знaме за македонскиот народ?

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе