-0.4 C
Прилеп
среда, 5 февруари, 2025
Пела Радио

(фото-видео) Над 300 деца ќе бидат дeл од Бадниковите поворки во Прилеп

Оваа година под мотото „Пренеси ја Божикната радост до секое срце“ по 15ти пат се организираат возобновените Бадникови поворки во Прилеп. Околу  300 дечиња, што е најголема бројка на деца кои досега учествувале на поворките во Прилеп, ќе ја пренесат поракат за Христово Рождеството. Последните подготовките завршуваат, а веќе пред камената бина на плоштадот „Александрија“ е поставена и пештерата ,која го симболизира настнот на Христовото Раѓање .
Поворката започнува од пред Камената бина каде што е поставена,вечќе Божикната пештера, во 09:00 часот ,понеделник (06.01.2025) каде што децата ќе се соберат за да тргнеме во најголемата поворка до сега. Поворката ќе започне од Камената бина, кон параклисот на Св. Никола, покрај пицериијата „Леоне“, кон пешачкиот премин кај аптеката „Зегин“, низ старата чаршија, потоа кон плоштадот, покрај Участакот, кон „Сетек“, кон НУЦК Марко Цепенков и повторно ќе се вратат на Камената бина. Тука ќе ги отпеат песничките „Вечниот Бог”, „Тропар на Рожденство Христово” и „Кондак на Рожденство Христово”.
Дечињата ќе бидат пречекани од градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески кој симболично ќе ги дарува дечињата од поворката со пригодни дарови.
Децата во поворките ги симболизираат ангелите што го најавуваат Христовото Раѓање, а ѕвездичките што радосно ги веат над своите озарени лица се водилка кон местото каде што се раѓа Богомладенецот. Симболично прикажано, кај нас тоа е патот до божиќната пештера во која е претставен целиот настан на Христовото Раѓање – Божик.

Би можело да ве интересира

28-ми ФЕВРУАРИ, МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА РЕТКИ БОЛЕСТИ – ПОКАЖИ ЈА СВОЈАТА РЕТКОСТ, ПОКАЖИ ДЕКА СЕ ГРИЖИШ

Елизабета Филипоска

Прилеп утре го одбележува Денот на ослободувањето од фашистичките окупатори

Гордана Цветаноска

Градоначалникот Јованоски на седница на Совет им се заблагодари на советниците за 4 годишната соработката

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе