5.8 C
Прилеп
среда, 8 јануари, 2025
Пела Радио

Божиќен ручек по 19 ти пат во Прилеп во организација на Детската амбасада за сите деца во светот

По 19-ти пат, традиционално, во организација на Детската Амбасада за сите деца во
светот, 400 деца се дружеа на свечен Божиќен ручек, во х.„Салида“ во Прилеп и го
слават Христовото Раѓање. И оваа година гости се деца од цела Македонија на заедничка трпеза во чест и слава на Божик, денот на Христовото Раѓање, деца од различни целни групи, како и истакнати деца – членови на Детската Амбасада, од Прилеп, од Скопје, Битола, Куманово, Крушево, Струмица и од другите градови и општини.

Пораката е „Едно небо за сите деца“, а тоа значи децата да се почитуваат помуѓу себе, да нема дискриминација и насилна комуникација, да преовладува толеранцијата и взаедно градење на општеството.

Божиќниот Ручек традиционално го благослови Неговото Високо Преоствештенство, Митрополитот Преспанско-Пелагониски и Администратор Австралиски и Новозеландски,
Господин Петар, а на сите деца ќе им се доделат пакетчина за слатки сеќавања на Божикниот
Ручек, за кои се погрижи Градоначалникот на Општина Прилеп г-дин Борче Јовчески. За збогатување на свеченоста се погрижија од танц студио „Зодијак“ од Прилеп и малите ангелчиња Димитар Иваноски од Прилеп и Јована Ристановска од Битола. На оваа прослава Детската Амбасада за сите деца во светот го додели најпрестижното признание за општествена одговорност „ОРДЕН ЗА НОСИТЕЛ НА МИРОТ“, кое годинава и’ припадна на компанијата Млекара А.Д. Битола.
„ПЛАКЕТА ЗА ПРИЈАТЕЛ НА ДЕЦАТА“ Детската Амбасада за сите деца во светот му ја додели на: градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески и Каролина Јовеска
истакната соработничка на детската амбасада од Прилеп.

Би можело да ве интересира

До каде е изградбата на резервоарот за вода во с. Белушино?

Елизабета Филипоска

Со марш одбележани 80 години од Февруарскиот поход

Пела Редакција

Германски инвеститор покажа интерес за Пелагонија

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе