7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

(Видео) Тајане Бојане и годинава се слуша во Прилеп

Прилеп е еден од ретките градови, ако не и единствен, каде што сеуште се одржува традицијата за одбележување на обичајот поврзан со православниот празник Иванден – Раѓање на Свети Јован Крстител кој секогаш се одбележува на 7 ми јули.

Препознатливите кравајчиња со шарени шеќерчиња се подготвуваат ден претходно. Во прибирање на состојките учествуваат децата кои ги посетуваат домовите. Во што се состои Тајане Бојане? Тоа е обичај во кој едно машко детенце го носи ѓумчето кое е украсено со цвеќиња во кое се пуштаат парички во тепсија во која има ставено чаша и ваганче. Во тепсијата се подарува брашно, во ваганчето се дарува шеќер и во чашата се дотура масло. Сето тоа служи за месење на кравајчињата, а парите се да се купат шеќерчиња и да се украсат кравајчињата. Одејќи и посетувајќи ги домовите децата ја пејат традиционалната песна “Тајане Бојане“. Од како ќе се соберат потребните состојки децата одат до фурната и таму се подготвува вкусното посно кравајче.
– Јас од кога памтам го има само во Прилеп, а ние повозрасните сакаме овој обичај да го продолжиме понатаму. Малите деца не знаат за овој празник, а ние не сакаме ваквата богата традиција да изумре, затоа што сакаме да им ја оставиме на помладите, кои со радост ја прифатија поканата да бидат дел од овој настан, вели Лилјана Ѓорѓиоска од невладината организација Преродба, иницијатор традицијата поврзана со празникот Иванден да продолжи да живее во Прилеп.
Детската амбасада за сите деца во светот исто така се вклучи во настанот со членови кои го посетуваат едукативниот центар, а во соработка со една од најстарите фурни во нашиот град Стара фурна.

– Tајане, Бојане, имам брат Свети Јоване,
ункеши, ункеши, ункеши по маглата.
По магла, по магла, по магла ситна роса,
по роса, по роса, по роса мома боса.
Играле момите крај манастирот,
калуѓер гледа од пенџериња,
фрли си шапка на герамиди,
од герамиди на трендафилот,
белата брада на берберница
црната брада на касапница.

Би можело да ве интересира

58 МТФ „ Војдан Чернодрински“ со 11 претстави во натпреварувачката програма

Театарскиот фестивал за деца „Силјан штркот“ може да започне!

Пела Редакција

„Подарок за градот Прилеп“ концерт на Националната опера и балет

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе