14.7 C
Прилеп
сабота, 19 април, 2025
Пела Радио

Димоска: Среќна сум што номинацијата 13 Величествени доаѓа од мојот Прилеп (ФОТО+ВИДЕО)

Од денес во рамки на програмата во живо Радио што се гледа, ќе емитуваме кратки разговори во живо со личностите и претставниците на компаниите кои се номинирани во нашата анкета 13 Величествени.

„Мразот го скрши“ прилепската млада авторка Лина Димоска, со која денес разговаравме за нејзиното творештво, за трите објавени книги, за популарноста што ја стекна со нејзината прва книга за деца „Мачорот Тане“, како и за другите активности во полето на литературата и културата.

Лина е номинирана во категоријата на млади прилепчани кои оставиле најголем медиумски впечаток и дале најголем придонес за заедницата. Таа во 2024 година ја издаде својата прва книга за деца ,,Мачорот Тане” која веднаш стекна голема популарност меѓу децата во прилепските училишта. Со својата активност, континуирано придонесува за збогатувањето на културниот живот во Прилеп.

Според досегашните гласови  во категоријата млади прилепчани, Лина Димоска е позиционирана на второто место, веднаш по Илија Волчески.

Таа во разговорот откри и колку често проверува како тече гласањето, но и за кого го дала нејзиниот глас.

 

Би можело да ве интересира

Музички филиграни 2

Никола Димески

На “цена“уметници кои владеат со традиционалните графичко-цртачки техники

Гордана Цветаноска

За следниов викенд Прилеп го најавува деветтиот по ред Jazz фестивал

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе