10.4 C
Прилеп
среда, 26 март, 2025
Пела Радио

Попоска: Задоволство е кога квалитетот е препознаен (ВИДЕО)

Во серијалот разговори во живо со личностите и претставниците на компаниите кои се номинирани во нашата анкета 13 Величествени  наша денешна соговорничка беше Катерина Попоска, диригент на единствениот женски хор во Прилеп, „Керамија“.

Овој хор освен што носи специфично име, специфичен е и по својата структура, но и по репертоарот што го изведува. Минатата 2024 година, имаше неколку успешни настапи, а „шлаг на тортата“ беше нивниот годишен концерт во ЦК „Марко Цепенков“. Овој хор е промотор на музичката и хорска култура во Прилеп, но преку своето име промовира и еден археолошки локалитет во Варош.  Заради сето ова хорот „Керамија“ го заслужи нашето медиумско внимание и се најде на листата 13 величествени.

За впечатоците од минатата 2024, за  плановите на хорот за 2025,  но и за  текот на гласањето на нашата анкета 13 величествени, дознајте  повеќе во видео разговорот и дајте го својот глас за некој од предложените личности, здруженија и компании.

 

Ф.Д.

 

 

 

Би можело да ве интересира

Прилепскиот основен, добива двајца новоизбрани судии од скопскиот Кривичен суд

Пела Редакција

Промоција на 7 книги од прилепчанката Мирјана Селчанец

СОЕПТУ “Кузман Јосифоски – Питу “- Прилеп, Ваш избор, ваша иднина – Учи паметно, работи стручно (ФОТО)

Никола Димески

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе