Македонската ракометна репрезентација денеска против Зеленортските острови ќе го игра последниот контролен натпревар во пресрет на СП 2025,Смената на генерации е речиси завршена, а фактот дека Македонија редовно беше учесник на големите натпреварувања е успех сам по себе за нашиот национален тим. Како и секогаш престојот на овој мундиал е едно а очекувањата се да се направи и чекор напред и да се обезбеди најмалку една победа во првата фаза во Вараждин, со што ќе се обезбеди пласман во главната рунда од Мундијалот.
Светското првенство е посебен настан за сите спортисти и ние ќе дадеме се од себе за да ја видите македонската репрезентација во победнички ритам и вистинско светло. Овој мундиал е секако континуитет на присуство за нас како репрезентација на големите турнири што го обезбеди и мојата генерација. Серафимов вели дека ќе одат на победа на секој натпревар и со високо нивот и максимална фокусираност многу лесно може да обезбедат позитивен резултат. На хартија најлесно би требало да биде против Гвинеја, селекција која нема искуство на настапи на големи натпреварувања и е најголема непознаница за нас, но нашиот пристап е сериозен и очекувам победа и пласман во втора рунда“, вели Мартин Серафимов, кој веќе неколку години наназад добива шанса и прикажува квалитетни игри во дресот на националниот тим.
Според десниот бек, искуството од ланските силни натпревари на ЕП во Германија, надополнето со поддршката од публиката може да придонесе ракометарите да стигнат до добар резултат на ова СП.