4 C
Прилеп
понеделник, 17 февруари, 2025
Пела Радио

Прилепските улици и тротоари се чистат од снегот информираат градските власти и комуналците

По синоќешните врнежи од снег, градоначалникот на општина Прилеп  Борче Јовчески на својата официјална ФБ страна, соопшти дека екипите за расчитување на улиците од снежните наноси се на терен од утринските часови и аплеираше до сопственици на возила да ги дислоцираат паркираните возила од коловозите, особено во централното градско подрачје и на потесните улици, за да се овозможаи  непречен пристап на механизацијата и на екипите кои  работат на расчитување на локалните улици.

После синоќешните и утринските врнежи од снег, екипите се на терен и непрекинато работат на расчистување на улиците и патиштата во нашата општина. Со соодветна механизација коловозите се расчистени и посипани со сол и ризла за зголемена безбедност на сите учесници во сообраќајот. Од утрово на терен исто така се и екипи на ЈКП Комуналец – Прилеп. Апелираме до сите граѓани, куќни совети и сопственици на деловни објекти да се придржуваат кон законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти. Со заеднички напори ќе обезбедиме безбедно и олеснето движење, како и непречено извршување на секојдневните обврски за сите. Исто така, упатуваме апел до сите сопственици на возила да ги дислоцираат паркираните возила од коловозите, особено во централното градско подрачје и на потесните улици, за да овозможат непречен пристап на механизацијата и екипите кои интензивно работат на терен. Ви благодариме за вашата соработка и разбирање. Продолжуваме да ја следиме состојбата и да вложуваме максимални напори за непречено и безбедно функционирање во зимски услови! Вашата безбедност е наш приоритет!’, напиша градоначалникот на својата ФБ страна.

Од ЈКП Комуналец велат дека од од рано утрово и тие се на терен во расчитување на тротоарите и булеварите.

Отворени се главните пешачки патеки, и улици. На улиците се исфрла сол и ризла кои се заштита од минусни температури. Со расчистување на споредните пешачки патеки и улици ќе се продолжи и во текот на утрешниот ден. Се следи секоја состојба со временската прогноза. Во моментов проодни се главните улици кои се одржуваат, пешачките патеки и плоштадите. Законска обврска е граѓаните и фирмите секој да си го исчисти снегот пред својот имот.“ потсетуваат од ЈКП Комунаелц

Би можело да ве интересира

За две децении за 10% се намалил бројот на жители во Прилеп

Елизабета Филипоска

Поевтини горива од полноќ!

За Илинден посебен сообраќаен режим и на регионалните патишта кон Крушево

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе