9.1 C
Прилеп
петок, 18 април, 2025
Пела Радио

(ВИДЕО) Најмладиот кој “влезе“во осветените води е бебето од прилепското с. Тополчани

Во Македонија, на Богојавление, најмладиот кој “влезе“  во осветените води (сигурно) е бебето од прилепското с. Тополчани. Арсениј е неколкумесечно бебе, кое беше покрстено токму на овој ден, на денот Богојавление, Водици во осветените води на Црна Река, во с.Тополчани, во присуство на голем број верници, кои беа радосни за овој редок христијански чин (бидјеќи, најчесто чинот на  покрстувавање е во црковните храмови ) .

„Бог се јави !!!!
Не е Русија – Библиска Македонија е!!!
Арсениј е новиот Христов Војник !!!
Со љубов ваш брат Македонец во Христа„- напиша на својот ФБ профил, чтец, Кирил Пишмановски.

 

 

Покрстувањето, во осветените води на Црна Река, го изврши парохискиот свештеник отец Емилијан, чии придонеси, верниците во ова населено место  во Општина Прилеп го вреднуваат како збогатување на духовниот живот.

Инаку, празникот Водици , Богојавление, народот го празнува како еден од најголемите христијански празници, зашто на тој ден, според верувањето, Исус Христос е крстен од од Свети Јован Крстител. Се верува дека преку светата вода и крштевањето, Богојавление е нов почеток каде што водата и духот креираат една вечна приказна на верата и обновата.

Би можело да ве интересира

На 14ти „На Василица во Прилеп 2025“ кај Градскиот саат

Пела Редакција

Нов крст на кровот на прилепскиот храм Св.Благовештение

Елизабета Филипоска

(фото и видео)„Сплотени во хуманост„ – започна денеска ,трае и вечерва по полноќ

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе