Сакам со вас да ја споделам мојата најголема животна желба и цек тоа е трчање-пешачење до Манастир Острог во чест на моите родители кои веќе не се меѓу нас… Овај подвиг ќе го реализирам во Јули месец оваа година ако биде се како што треба и оди се по план. Исто така овај подвиг сакам да биде и како хуманитарен подвиг собирање на средства за деца кои боледуваат од канцер. Сакам да се соединиме сите и да покажеме дека сме хумана држава. Јавно барам некоја фондација да се вклучи во овој мој проект и да направиме се што можеме да им овозможиме на нашите мали херои подобар живот. Исто така ако има некој што сака да се вклучи како пратња да ми озвомозжи полесно трчање во овај подвиг поготово велосипедиста слободно нека ме контактира. Детали наскоро… ЗА НАШИТЕ МАЛИ ХЕРОИ!
Прилепчанецот Пандовски, ќе трча до Острог за децата што боледуваат од канцер
Прилепчанецот Антонио Пандовски, на својот профил напиша објава која предизвика интерес и позитивни реакции. Тој информира дека сака да ја оствари својата најголема животна желба, односно со трчање и пешачење да стигне со манастирот Острог во чест на неговите родители.
Неговата објава ви ја пренесуваме во целост, сакајќи да упатиме повик до сите оние кои можат да излезат во пресрет, да помогнат и да го поддржат Антонио во неговата хумана мисија.