Вчера во доцните ноќни часови е опожарено возило.
Имено на 25.01.2025 во 23.00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Пенка Котеска“ било опожарено патничко моторно возило „фолксваген шаран” со прилепски регистарски ознаки, сопственост на Ј.Г.(49) од Прилеп.
Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.
Инаку, само минатиот месец во Прилеп беа опожарени неколку возила. На 21 декември пожар настана во авто сервис во Прилеп, на улица Александар Маекдононски, каде беа опожарени 4 возила . Истиот месец гореа уште две возила, на ул.„Октомвриска” во Прилеп (12.12.2024) каде беше опожарено патничко моторно возило „ауди” со прилепски регистарски ознаки, сопственост на Ј.Н.(51) од Прилеп., а претходно на 06.12.2024 околу 03.00 часот на ул.„Октомвриска“ во Прилеп беше опожарено патничко возило „мазда“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на Б.T.(32) од Прилеп.
Полицискиот командирпри ОВР Прилеп на 54 седница на Советот на Општина Прилеп на барање на советниците преку бројки ја изнесе состојбата со безбедносната состојба во Прилеп, посочувајќи дека безбедносната состојба во Прилеп е на задоволително ниво. Во врска со делата кои што предизвикуваат општа опасност, како што се опожарување на возила и носење огнено оружје и друг експлозивен материјал, тој направи споредба со 2023 каде имало 16 евидентирни вакви случаи додека во 2024 имало 13-сет, „за кои се обезбедуваат докази“, рече тој. Но, нагласи дека ниту еден од овие случаи , (во 2024 година) , не биле поврзани и немаат индикации за верска, национална или друг вид мотивација ,„па, не може да бидат третирани како случаеви кои би ја загрозиле целокупната безбедносна состојба во Прилеп„ – истакна Горан Колонџоски, командир на ОВР Прилеп, излагајќи ја информацијата за безбедносната состојба во Прилеп, пред советниците на Советот на Општина Прилеп .