1.7 C
Прилеп
вторник, 4 февруари, 2025
Пела Радио

(ВИДЕО) Eснафските здруженија реагираат, министерство за здравство најавува решение…

Унијата на медицински сестри и техничари на Македонија и Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас“, заеднички, денеска остро реагираат што голем број нивни колеги, останаа на улица откако Општата болница Прилеп еднострано им ги прекина договорите за работа. Тие бараат итно решение на проблемот и вработување на колегите.

– Овие наши колеги, за жал, им се придружуваат на оние чии договори беа прекинати по различни основи и во различни периоди, во повеќе здравствени установи низ Републиката, во последната година. Фрапантни се фактите, кои речиси остават без зборови: станува збор за висококвалитетни и стручно обучени медицински сестри и техничари, кои имаат зад себе и по шест-седум години работно искуство, со статус договор на дело, а сè до денес беа составен дел од општите болници во Прилеп, Битола, Кавадарци и во Куманово. Овие колеги наместо признание и решавање на нивниот статус, остануваат изневерени од здравствените власти, законските недоречености, недомаќинското работење, немањето слух за натрупаните проблеми, како и од лицемерните и популистички флоскули и политички додворувања, особено во време на пандемијата со коронавирусот – се вели во отвореното писмо до јавноста, потпишано од претседателката на Унијата, Гордана Бешлиовска.

Заменик-министерот за здравство, Јовица Андовски,  на денешната прес конференција по повод Светскиот ден на борба против ракот на новинарско прашање одговори дека сите согласности за продолжување на договорите за медицинските лица ќе пристигнат до здравствените установи до крајот на следната недела, а за крајот на март најави огласи за вработување на неопределено, на медицински кадар.

Прилепската болница од вчера, 03.02. 2025 не ги ангажира вработените со договор на дело, на кои им било речено дека нема да им бидат продолжени договорите. Станува збор за медицински сестри, болничари, возачи и за друг медицинско-технички персонал, а некои од нив работат во болницата повеќе од седум години.

Би можело да ве интересира

Какви социјални услуги за старите лица ќе се воведуваат во Прилеп, Кривогаштани и Долнени

Дневен биланс за состојбата со корона вирусот во општина Прилеп

Гордана Цветаноска

Пожарот во прилепско се проширува кон Фаришки лозја

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе