-1.1 C
Прилеп
петок, 21 февруари, 2025
Пела Радио

На младите им треба поддршка и поттик за „зелено“ претприемништво во руралните средини

Меѓународна конференција во организација на ЛАГ Агро Лидер денеска се одржа во Прилеп. Партнерскиот конзорциум „GREEN UP YOURSELF“ со организации од Шпанија, Италија, Словенија, Кипар и Грција има за цел промоција на зелената агенда и вклучување на младите во зелените агенди, за можат да ги предводат промените во заедницата. Иницијативата се спроведува две години за поттикнување на претприемништво и вработливост на младите во руралните средини. На младите им треба поттик и поддршка за вклучување во процесите на зеленета агенда, посочи Марина Тошеска од Локалната акциона група Агро Лидер.

Нашата цел е поттикнување на младите активно да придонесат во зелената транзиција и да се охрабрат во нивните претприемачки потфати, да се поврзат со бизнис заедницата и да отпочнат со бизниси. Младите имаат знаење, тоа го сфативме реализирајќи ја платформата во СОУ „Орде Чопела“ и во Универзитетот од Тетово, но им треба поттик – вели Марина Тошеска од Агро Лидер.

Во СОУ „Орде Чопела Прилеп се спроведуваат низа настани поврзани со иновативните пристапи во земјоделството, вели професорот Гагалески.

-Креиравме неколку алатки, кои ни помогнаа полесно да ги доближиме зелените вештини и претприемништво и да влијаеме како клучен фактор во подигнување на свеста кај учениците за потребата од промена во однесување, во  размислување и во дејствување со цел заштита на животната средина, рече професорот Гагалески.

Во Македонија потребно е да се направат регулативи кои ќе им помогнат на младите и ќе ги поттикнат, не само финансиски, туку едукативно да се сфати важната улога на земјоделството, посочи Филип Димкоски, агроном, претприемач во органското производство.

Моменталната ситуација е таква што знаеме дека многу млади се имаат исселено и оној кој остана ретко кој сака да се занимава со земјоделство. Проблемот е во тоа што недоволно се знаат можностите и бенефитите што земјоделството како ресор ги дава. Значи со подобра едукација младите можат да дознаат дека земјоделството и тоа како може да биде профитабилна гранка. Тоа го говорат искуствата од странство каде што млади луѓе работат во тој сектор и остваруваат бенефит кој што е навистина на задоволително ниво. Во Македонија потребно е да се направат регулативи кои ќе им помогнат на младите и ќе ги поттикнат, не само финансиски, туку едукативно да се сфати важната улога на земјоделството, бидејќи без земјоделство нема храна – без храна не може да се опстои и не може една држава да биде независна ако не произведува храна. Што побрзо го сфатиме тоа и што побрзо сфатиме дека мораме да работиме, тогаш успехот сигурно ќе дојде, рече младиот агроном и претприемач Димкоски.  

И за Мигеле Рикарио од Шпанија најважна е поддршката на државите кои ќе подготват и спроведат мерки за младите да останат во руралните средини – таму каде што е производството на храната.

Би можело да ве интересира

Пивофест – втора вечер: Ван Гог, Дарио, Црвена Јабука и Mossel (ГАЛЕРИЈА)

Гордана Цветаноска

ОД ДЕНЕСКА НА ДЕЛНИЦАТА ПРИЛЕП – КРУШЕВО – СЛАДУЕВО ПРОМЕНЕТ СООБРАЌАЈНИОТ РЕЖИМ

Гордана Цветаноска

Поројниот дожд ги изгасна пожарите во прилепско

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе