11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Останаа уште финесите до стартот на Пивофeст 2018

Прилеп е подготвен да ги пречека учесниците и посетителите на најголемиот фестивал на пиво и скара во земјава Пивофест 8.

За што поуспешна организација на „Пивофест 2018“, Општина Прилеп формираше координативно тело во кое учествуваат претставници на Полициската станица – Прилеп, службата за Итна медицинска помош, Територијалната противпожарна единица, Центарот за управување со кризи, Агенцијата за храна, јавните комунални претпријатија и други институции. На денешниот редовен состанок на координативното тело, со кое раководи градоначалникот Илија Јованоски, беше констатирано дека Прилеп, од секој аспект, е подготвен за почеток на „Пивофест 2018“.

– Овие институции 24 часа дневно, во текот на сите 4 денови, ќе се грижат храната да биде безбедна, а хигиената, редот и мирот на високо ниво. Сите заедно, овие 4 денови ќе се дружиме, ќе се забавуваме, за што се обезбедени потребните услови потенцираше Јованоски со апел до гостите за умерена конзумација на алкохолот и храната, но и да внимаваат на еколошката чистота и зачувувањето на животната средина.

Дарко Манасијески од агенцијата „Ентфинити“, во име на организаторот истакна дека кога е во прашање музичкиот дел, програмата е направена за вкусовите на сите посетители со поголема застапеност на македонските естрадни уметници.

-Имаме познати балкански ѕвезди, што значи дека можеме да упатиме покана до целиот Балкан, не само до домашната јавност. Ќе го видиме големиот Жељко Јоксимовиќ, кралот на народната музика Шабан Шаулиќ, македонскиот музички ‘амбасадор’ Кирил Џајковски, а во петок ќе имаме убава рок вечер со ‘Црвена јабука’ и ‘Ван Гог’. Гарантираме дека фестивалот ќе биде добро обезбеден, дека сите институции ќе функционираат онака како што треба, а ние како организатори ќе одговориме на сите барања на публиката, рече Манасијески.

И годинава посетителите од другите градови со авантуристички дух, ќе можат да кампуваат во Паркот на револуцијата, каде покрај бесплатниот појадок и топлите напитоци, на располагање ќе имаат и туш кабини. Во однос на минатите години, цената за паркирање на возилата е намалена од 100 денари, на 50 денари за еден ден.

Фестивалот на пивото и скарата „Пивофест 2018“, започнува утре, четврток 12 јули и ќе трае до недела, 15 јули.

Би можело да ве интересира

Oд полноќ изборен молк

Влезот во ЕУ и НАТО, ќе значи приближување на македонското образование до европското

Елизабета Филипоска

ЈКП Комуналец: Март го посветуваме на зелен и чист Прилеп

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе