Министерството за здравство набави два медицински апарати за болницата во Прилеп, лапароскопски столб за уролошко одделение и артроскопски столб за ортопедско одделение со 4К резолуција !!! Вредноста на двата апарати е околу 20.000.000 денари. Станува збор за лапароскопски столб од фирмата Olympus со кој ќе се работат два типа на операции : лапароскопски и ендоуролошки.
– „
Денес имавме чест со посетата на министерот да ги промовираме двата нови апарати, лапароскоп и артроскоп, кои се врвно софистицирани од добро познати брендови во светот и со нив да продолжиме да работиме на повисоко ниво. Двата апарати се со 4К резолуција, што имаме многу подобра слика на ткивата на органите што ги работиме и тоа не дава право на грешка на докторот да во интервенцијата ќе ни биде многу лесната работата и се надевам дека пациентите нема да одат во други градови, туку ќе ги третираме во нашата болница. За другите одделенија, исто така во нареднава година, според планот за јавни нававки, имаме планирано опрема во повеќе одделенија, скоро во сите одделенија да набавиме нова, пософистицирана опрема за пациентите да бидат третирани во прилепската болница. Скоро во сите одделенија ќе имаме нова опрема, се очекува да имаме нов рентген дигитален, нов столб за анестезија, апарати за ЕЕГ, ЕМГ, ќе имаме новини на очното одделение, ќе имаме промена на светла во салите на хирургија, на гинекологија, исто така и за гинекологија, најверојатно треба да разговарам и со Министерството за и таму да се набави лапароскоп за гинеколошкото одделение, за и таму да се почнат со таков вид на интервенција,“ рече директорот др Јоноски.
Во врска со доекипирање на прилепската болница со доктори – специјалисти на новинарско прашање директорот Јоноски посочи дека и тој процес е во тек и дека специјализантите се враќаат во речиси сите одделенија:
– Сега бројката точно не ја знам за сите, меѓутоа по еден, двајца во секое одделение. И плус во најскоро време треба да имаме девет приватни специјализанти, некои се во завршни години, некои се во средина на специјализацијата, и затоа очекуваме тој процес да заврши за најкраток период, посочи Јоноски.
Инаку, новите два апарати ќе придонесат за поефикасна работа во прилепската болница: Лапоароскопија е минимално инвазивна метода, каде што ,преку неколку отвори на преден стомачен ѕид, се внесуваат инструменти во абдоминалната празнина.
На овој начин би се оперирале тумори на бубрег ( радикална нефректомија), афункција на бубрег (симплекс нефректомија) , цисти на бубрег ( редукција ) , варикоцела ( проширени вени на лев тестис).Ендоуролошкиот пристап подразбира. TURT ( transurthral resection of the bladder tumor ) и, TURP (transurethral resection of the prostata ). Столбот има можност за ресекција со монополар и биполар. Биполарнарата ресекција е многу корисна, бидејќи, во исто време и ресецира и коагулира, така да, има минимална крвозагуба.
Артроскопски столб е од фирмата Smith & Nephew со LCD екран е направен по највисоките стандарди за артроскопски интервенции на колено, рамо и скочен зглоб.
Со добивањето на овој современ апарат артроскопските интервенции ќе станат рутински операции во прилепската болница. Досега редовно се извршуваат артроскопски интервенции на колено 50-70 во една календарска година, а наскоро се планира артроскопски интервенции на скочен и рамен зглоб. Додека за третман на менискалните повреди во блиска иднина ќе почнеме со шиење на менискуски што е светски стандард за овие спортски повреди. Исто сакаме да кажеме дека ќе продолжиме со третман на скинат преден вкрстен лигамент т.е. лигаментопластика со најсовремени методи, посочуваат од прилепската болница.