9.2 C
Прилеп
сабота, 29 март, 2025
Пела Радио

АПЕЛ ЗА ПОМОШ-СЕКОЈ ПРИДОНЕС ЗНАЧИ ЗА СЕМЕЈСТВОТО КОЕ ОСТАНА БЕЗ ДОМ!

Домот уништен од пламени јазици, семејството бара помош -да се врати фамилијарната радост и среќа! Семејството кое пред неколку денови на 18 ти февруари во попладневните часови за само неколку часа остана без покрив и топол дом, бара начин пријателите и сограѓаните да помогнат. Во акцијата се вклучи и училиштето ООУ „Климент Охридски“ Прилеп во кое учи дете од семејството.

Драги пријатели, родители и членови на нашето училиште Денес се обраќаме до вас со искрена молба за помош. Еден од нашите ученици, дел од нашето училишно семејство, се соочи со незамислива трагедија – пожар кој целосно ја уништи неговата куќа и остави семејството без покрив над главата. Во еден миг, сè што го граделе со години исчезна во пепел. Ова не е само нивна борба. Ова е момент кога сите ние, како заедница, треба да покажеме дека сме тука еден за друг. Сега е време да ги отвориме срцата и да подадеме рака на оние кои најмногу имаат потреба од нас. Од утре, во нашето училиште започнуваме акција за собирање донации. Секој ваш придонес ќе значи многу за ова семејство кое се обидува да се издигне од оваа трагедија. Сите информации ги имате кај класните раководители. Да покажеме дека сме повеќе од само соседи и пријатели – дека сме вистинска заедница која стои рамо до рамо во најтешките моменти. Заедно можеме да направиме разлика. Заедно можеме да им помогнеме повторно да изградат дом и надеж. Ви благодариме од срце што сте дел од оваа хумана мисија, стои во апелот на Ахил Јаков, директор на ООУ „Климент Охридски“ Прилеп .

Пожарот се случи  околу 16.00 часот на 18 ти февруари кога беше зафатен вториот кат и покривот од семејната куќа во Прилеп во сопственост на П.Ј.(72) од Прилеп.

Семејството апелира за помош – итно е потребна финансиска помош за обновување на домот!

Би можело да ве интересира

Изминатата седмица 16 починати и 292 нови ковид случаи

Елизабета Филипоска

Градоначалниците на општините Новаци и Могила во официјална посета на Република Турција

Гордана Цветаноска

Три нови наплатни јавни паркинг површини

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе