6.1 C
Прилеп
недела, 2 март, 2025
Пела Радио

„Амкање“ – адет за последната вечера пред Велигденскиот пост

На платото кај Градската саат кула денеска членките на Здружението „Преродба“ уште еднаш потсетија на адетот по кој што се одликува градот поврзан со големиот православен празник „Велики Поклади – Прочка“. Вториот ден од карневалската традиција во Прилеп беше посветен да се долови автентичниот начин на обичајот „Амкање“ кој што единствено за Прочка се изведува во Прилеп.

Варено јајце со лушпа, се врзува за конец и сукало. Јајцето виси на конецот, а оној што ќе го земе со устата, ќе го лапне, се верува дека ќе го следи среќа целата година. Адетот „Амкање“ е радост за децата.

„Се прави една семејна вечера со мазник, сирење, јајца, бидејќи таа недела е сирна и потоа радост за децата, амкање на јајцето. Еве сега ние со нашето здружение сакаме да го презентираме овде, да не се заборави, бидејќи младиве верувам дека ретко прават. Значението на амкањето на јајцето значи дека вечерата е последна мрсна и се затнува устата со бело јајце. Потоа за Велигден се отвора устата со црвено јајце, кога завршуваат постите“, рече Јелица Вучетиќ, членка на здружение Преродба.

Во основа традицијата е поврзана со велигденскиот пост кој започнува на чист понеделник, веднаш по Прочка. Затоа во последната недела, на последното јадење, на вечерата се „запокладува“ со јајце и со сирење.

Карневалските активности продолжуваат утре, кога е главниот настан на самиот празник „Проштени поклади – Прочка“ . На пладне, од 12 часот, започнува карневалското дефиле со претставување со музика и посебна кореографија на повеќе од маскирани учесници, во групни и поединечни маски. Карневалските поворки тргнуваат пред НУЦК „Марко Цепенков“,  по бул. Гоце Делчев и ќе завршат на Плоштадот „Методија Андонов Ченто“. Карневелот  ќе биде збогатен со жонглери, акробати, кловнови, куклари и  други изненадувања. Понеделник е традиционалниот ручек  на „Прилепските Мечкари“ – одбележување на „Чист Понеделник“ , во 12:00 часот на манастирот Св. Ѓорѓија во селото Присад.

Би можело да ве интересира

Левица: Во Комуналец набавка на канцелариски мебел е недомаќинско трошење на народните пари

Гордана Цветаноска

Како да ги зачуваме старите занаети во Прилеп?

Гордана Цветаноска

Отчет на градоначалникот Илија Јованоски за реализирани и тековни проекти

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе