3.7 C
Прилеп
вторник, 18 март, 2025
Пела Радио

Денeска ден на жалост во Бугарија, Србија и БиХ во знак на солидарност со земјава по трагедијата во Кочани

Во знак на сочувство со семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани и солидарност со земјава, денеска е Ден на жалост во Бугарија, Србија и Босна и Херцеговина. Вчера по повод трагедијата ден на жалост беше во Црна Гора.

Во земјава и денеска е ден на жалост за настраданите во несреќата во Кочани. За време на седумдневната жалост што ја прогласи Владата, знамињата се на половина копје, откажани се сите музички, забавни активности и настаните во установите од областа на културата, а прилагодена е и програмата на медиумите. Отворени се книги на жалост во Собранието, во МНР и во македонските амбасади низ светот.

По пожарот што избувна во дискотеката Пулс во Кочани загинаа 59 лица, а 155 се здобија со различен степен на изгореници и повреди за време на концертот на популарниот бенд ДНК во раните утрински часови во неделата.

 

Би можело да ве интересира

(ФОТО) НЕВРЕМЕ ВО ПРИЛЕП

Гордана Цветаноска

Прегазена 80 годишна жена во Тополчани

За 1 522 денари „пораснала“ минималната синдикална кошничка за март

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе