19.1 C
Прилеп
четврток, 8 мај, 2025
Пела Радио

Квалификации за СП: Македонија убедливо го победи Лихтенштајн

Македонија во квалификациите за пласман на Светското првенство во 2026 година со убедлива победа. На гостувањето во Вадуц со 3:0 го победивме Лихтенштајн. Веќе во вторник во Скопје го играме и вториот меч од квалификациите, против селекцијата на Велс.

Натпреварот имаше посебни емоции, им беше оддадена почит на настраданите во огромната трагедија во Кочани. Фудбалската репрезентација играше со темни дресови, а во 59 тата минута со почит и во чест на прерано починатите од пожарот во дискотеката на смртта во Кочани македонските навивачи застанаа и дадоа почит за 59 жртви во Кочани.

За три дена во Скопје, во арената „Тодор Проески“,  доаѓа Велс.

Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, најави дека приходот од овој меч ќе оди кај семејствата на настрадание во катастрофата во Кочани.

“Затоа секој купен билет е многу значаен. Да покажеме уште еднаш дека си ја сакаме оваа Македонија.’ напиша тој на ФБ

 

Би можело да ве интересира

Турција на Македонија ќе и донира медицинска помош

Елизабета Филипоска

Концерт на Арт либитум трио и изложбата ”Не-дефиниран урбанизам”

Елизабета Филипоска

Деспина декласирана и елиминирана од ЕХФ Купот

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе