12.7 C
Прилеп
недела, 23 март, 2025
Пела Радио

(Видео) Хумани и солидарни – ФК Илинден од Австралија со донација за настраданите во Кочани

Македонците од целиот свет во овие тешки денови за Македонија,  ја покажувуваат сојата хуманост, големина и солидраност со сите Македонците од својата таковина. Дијаспората не останува рамнодушна на настанor кој ја потресе Македонија и секој во рамките на своите можности донира и помага.

Со својата хуманост и солидарност за помош на настраданите и загинатите семејства во Кочани се вклучува и ФК Илинден од Австралија, кој денеска игра важен натпревар од 7 коло.

Имено, (Rockdale Ilinden FC ) ФК Илинден – Сиднеј, Австралија , еден од најквалитетните фудбалски клубови во Австралија, и еден од најголемите клубови кои постојат надвор од Македонија, денешниот меч од 7 коло на  премиер лигата со FC vs Blacktown City , го посветуваат на загинатите и настраданите од кочанската трагедија во Македонија.

Изразувајќи жалаење  за трагедијата во Кочани и сочуство до семејствата чии млади луѓе настрадаа во пожарот во дискотеката “Пулс“ во Кочани, тие сочуствуваат со тагата и болката на целиот македонски народ.   “Сите средства кои ќе бидат собрани од продажба на билети, храна и пијалаци, за време на овој натпреварот ќе бидат донирани за настраданите во трагедијата во Кочани“  инфомрираат од фудбалскиот клубот Илинден, за Радио Пела.

Екипата, мечето  го започна со едно минутно молчење, во чест на 59- те загинатита и над 150 -те настраданите лица во пожарот во дискотектата во Кочани, која пртставува една од најголема трагедија што досега се случила во Македонија.

Инаку, ФК Илинден е еден од реномираните и најсупешни клубови во Австралија. Во него, тренер на младинските категории е  познатиот фудбалер на ФК Победа, прилепчанецот,  Спасе Најдоски.

Во клубот членовиаат и помагаар за негово опстојување членовите  од Австралиското  Македонско друштво “Методија Андонов -Ченто“  кое досега учствувало со низа донации за развој на фудбалот во Прилеп и другите општини на Македонија. За нивната, посветеност, хуманост, солидарност и добронамерност и пред се љубов кон спортот и својот македонски нарот, општина Прилеп. минатата, 2024 година, им ја додели најпрестижната општина наградта “3-ти Ноември“,  по повод 80 години од ослободувањето на Прилеп.

 

 

Би можело да ве интересира

Кога книжевноста оживува на филмското платно

Пела Редакција

Тутунскиот откуп ќе се пролонгира

Гордана Цветаноска

❤️Маратонска трка во спомен на Мајката ❤️

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе