12.9 C
Прилеп
вторник, 15 април, 2025
Пела Радио

59 – та минута со скандирање на името “Кочани“, а Алиоски со потег за почит и респект

Потегот на Алиоски за почит не остана не забележан, а 59 минута беше минута со аплауз за респект кон жртвите .

Во победата на Македонија над Лихтенштајн со 3:0 посветена на жртвите од Кочани македонскиот десен бек , Езѓан Алиоски, носеше специјална маица. Под националниот дрес, кој беше во црна бојата, и на кој пишуваше “Кочани“,  Алиоски носеше друга маица, со македонското знаме, посветена на градот каде во голема трагедија животот го загубија 59 млади луѓе.  Потег,  на кој покажа кому  ја посветува својата игра м на фудбалерот со прилепско потекло,  не остана не забележан од публиката и камерите и стана фотографија на денот

А ова само говори за неговата големина како човек изразена преку солидализирање со семејствата на жртвите и на повредените во кочанската трагедија.  Алиоски со својот потег и  начинот како ја изрази почитта, само ја потврди  својата човеченост, хуманост како голем спортист во оваа колективна тага кога е потребна солидарност и сплотеност, со чуство на припадност.

Alioski

(Езѓан  Алиоски е роден во Прилеп во 1992 година. Неговото семејство е од с.Црнилиште каде Езѓан израснал. Заминал во Швајцарија како дете со семејството, каде ја започнал и својата фудбалска кариера.)

А, на денешниот натпревар на македонската реперзентација, уште еден момент ќе остане како траен белег, за почит. Имено, во 59 мин цел Вадуц , целата публика, со аплауз и скандирајќи го името „Кочани“,  го оддаде својот респект и почит кон жртвите од кочанската трагедија, момент кој не ја остави рамнодушна публиката и разплачи многу лица.

.

Македонците кои го следеа мечот во кутија за донација поставена на влезот од стадионот, донираа и парични средства за семејствата на 59-те жртви, како и за околу 200-та повредени во оваа трагедија која ја потресе Македонија.

Би можело да ве интересира

Бикоски : ракометот треба да се игра во сала со историја (ВИДЕО + ФОТО)

Никола Димески

Џудистите се закитија со куп медали

Елизабета Филипоска

Прво засилување во РК Прилеп – подготовките за новата сезона започнаа

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе