Над 200.000 луѓе го посетиле Пивофестот, истакнаа организаторите на последната прес конференција на Пивофесто,кој заврши синоќа ,а според градоначалникот Илија Јованоски, 100.000 луѓе ја посетиле манифестацијата само за време на викендов.
„Во Прилеп само за викендот, влегле околу 8.000 возила, а Општината од општинскиот буџет потроши 2,5 милиони денари, за релизација на Пивофестот, за авоторски права на музичарите,на кој им е платен и персонмалниот данок„- рече градоначалникот Јованоски
Oд касата на Општината,Тони Зен за настапот на Пивофестот добил 171.389,00 денари , групата Некс Тајм 171.389,00 денари, Црвена Јабука 411.333,00 денари, Дарио 233.459,00 денари , Бени Шакири и Нон Стоп – 184.500,00 денари., Александра Јанева 46.692 ден, Фортисимо Бенд и Чоки 34. 278 ден,Либеро бенд – 102.833,00 денари, Кирил Џајковски 891.222,00 денариа,Дани Димитровска – 171.000,00 денари, a што се однесува до хонорарите на ѕвездите на вечерта, како Јоксимовиќ, Шабана Шаулиќ и остантите, „за нивниот хонорар најчесто се погрижуваат пиварниците“- истакнаа од Енфинити ,организатори на годинашната мнифестацијата „Пивофест 2018.“
Податоците за потрешените хонорари на музичарите транспаретно ќе бидат објавени на Општинската страна, рекоа од општината
Градоначалникот Илија Јованоски ја отцени манифестацијата за успешна и упати голема благодарност до организаторите и до институциите, угостители, кои дадоа максимален придонес сè да биде вo најдобар ред за 16. фестивал на пивото и скарата, осовено до ЈКП, Министерството за внатрешни работи, како и на водителите, Јана и Ненад кои беа на висината на задачата.
Утре ,сите оние кои зедоа дирекно и индиректно учество на „Пивофест 2018“ Општината ќе им додели признанија и благодарници!