Денес во рамки на програмата Радио што се гледа, на програмата на Радио Пела, емитувавме програма по повод 27 март-Светски ден на театарот.
Наш гостин во студиото беше режисерот Борче Василески, а благодарение на социјалните мрежи реализиравме и разговор со актерот Бобан Алексоски.
Во двата инспиративни разговори со актерот и со режисерот, опфативме многу апсекти и прашања поврзани со нивното прво стапнување во театарот, магијата која ги обзела, креативниот младешки порив кој ги тера да креираат, предизвиците со кои се соочуваат, успесите кои ги постигнуваат, пораките кои ги упатуваат….Неизбежно беше да ја спомнеме и моменаталанта состојба на прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ кој беше затворен токму неколку дена пред денешниот Светски ден на театарот.
Разговорите можете да ги погледнете подолу во објавава, преку YouTube, a и на нашата онлајн телевизија https://live.radiopela.mk/ Во 18.30 ќе биде емитуван разговорот со актерот Бобан Алексоски, во 21.30 ќе можете да го проследите разговорот со режисерот Борис Василески.
Светскиот ден на театарот се одбележува во многу држави низ светот, а по иницијатива на Меѓународниот театарски институт од 1961 година. На овој ден театрите ширум светот органзираат разни манифестации. Најважна активност е традиционалната порака која секогаш ја пишува театарска личност со светски углед. Македонската порака годинава ја испрати театарскиот и филсмки актер Емил Рубен, а интернационаланта порака ја упати грчкиот режисер Теодорос Терзопулос. Светскиот ден на театарот во нашата земја дел од театрите ќе го одбележат со премиери, а дел со хуманитарни претстави, изложби и активности.
Разговорите ги водеше Филип Димкоски
Техничка реализација: Никола Димески
Продукција: Радио Пела, 27 март 2025