Иако еден од најмладите медиуми во македонскиот простор, Радио Пела за последниве 6 месеци од кога и постои, се наметна меѓу најслушаните локални радио станици во земјава. Изборот на музиката, говорните информативни и забавни содржини, Вие, нашите радио пријатели успеавте да ги препознаете и да ги вреднувате, а ние, екипата на Радио Пела се гордееме со тоа.
На што се должи ваквата оценка?
Според податоците на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за досегот на радиостаниците и уделот во вкупната гледаност на телевизиските станици Радио Пела се наоѓа на врвот од слушаноста како локално радио.
На прашањето: „Можете ли да ми кажете кои радио станици ги слушавте вчера подолго од 1 минута?“ а се однесува на просечниот дневен досег на локалните радио станици поврзано со претходниот ден од спроведената анкета, за општина Кривогаштани процентот е 14, 29 што е втора највисока вредност споредбено со сите локални радио станици во Македонија.
Табела:
Уште повисока вредност и процент покажува второто испитување кое се однесува на подолг временски период кој опфаќа период од 1 седмица. Имено, анкетното прашање гласи: „Ве молам присетете се на сите радио станици кои ги слушавте изминатата недела подолго од 1 седмица?“
Дадените одговори на испитаниците покажуваат уште поголеми вредности од претходното прашање и според официјалните податоци процентот изнесува 28, 75 , што повторно е втора вредност, на ниво на сите локални радио станици во Република Македонија.
Табела:
Анкетата е спроведена од агенцијата MARKETVISION во соработка со Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и се спроведува на секои 6 месеци со цел да се утврди рејтингот на радио и телевизиските станици кои зрачат локално, регионално или на национално ниво. Податоците се на следниот линк: Податоци за досегот на радиостаниците и за уделот во вкупната слушаност за вториот квартал од 2018 година
За Радио Пела податоците на оваа анкета е потврда за довербата која ја стекнува кај нашите радио пријатели во периодот во кој што постои како локален медиум со официјален старт од 3 јануари 2018 година.
Радио Пела е најмлад медиум на просторот од Македонија кој за овие 6 месеци успеа да се наметне со своите информативни, забавни, контактни и музички содржини, што пак е поттик за создавање на нови и уште поинтересни емисии. Секако најзначаен удел има музиката на која екипата на Пела посветува особено внимание.
Ценејќи ги потребите на публиката, а во соработка со нашите комерцијални спонзори – пријатели, програмата на Радио Пела ја збогатувавме , па така денес со гордост ви ги претставуваме емисиите:
– Утринско будење ( утринска повеќечасовна програма )
– Пелагониска хроника (информативно политичка емисија која го претставува дневниот пулс на регионот)
– Жешко столче ( информативна – дебатна емисија, интервјуа со гости од различни сфери)
– Музички филиграни (контакно забавна емисија за промоција на македонската музика преку презентација на музички групи и солисти)
– Од млади за млади ( емисија која ја креираат млади – посветена на младите, на нивната интересна сфера, музика, иновации, ИТ технологија)
– Совети за здравје и убавина ( емисија посветена на темите поврзани со медицината, здравствената едукација)
– Културен информатор – инфо катче за случувањата од областа на културата
– Спортски билтен – рубрика која е посветена на дневните спортски настани и случувања.
– На денешен ден – дневна рубрика за потсетување на настаните кои го одбележале денот
– Од верскиот календар – дневна рубрика за православните празници
Но, покрај тоа што Радио Пела може да се следи преку конвенционалните радио приемници, паралелно, нашите радио пријатели можат да не следат и на интернет и тоа на следниот линк https://radiopela.mk/live/ , со тоа сме подостапни и на таков начин поуспешно доаѓаме до целта – да бидеме поблиски и нашите информации и музика да бидат дел од поголем број на семејства не само на локално ниво.
Радио Пела – Пелагонија на дланка, тоа е нашата цел како медиум!