13.6 C
Прилеп
четврток, 24 април, 2025
Пела Радио

(ВИДЕО) ТИРЗ Прилеп: проширување на постоечките и најава за нови странски инвестиции

Технолошко индустриската развојна зона Прилеп во која моментално работат три компании, ќе добие нови инвеститори, а има најави и за проширување на капацитетите од веќе постоечките Гентерм, ВИК и Инџекшн Молдинг. Ова беше заклучокот од денешната посета на директорот на ТИРЗ-зоните во Македонија Гоце Димовски, заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески и градоначалникот Борче Јовчески.

-Како Влада настојуваме да најдеме решение за секоја компанија која работи во ТИРЗ-зоните да ја зголемат ефикасноста. Овде компаниите во прилепската ТИРЗ зона наскоро, најверојатно ќе ги обноват идните планови за отворање нови работни места и поголем извоз од зоните. Има заинтересирани компании кои сакаат да инвестираат во наредниот период, да отворат нови производствени единици, што ќе значи нови работни места и поголем извоз. И нема најава дека компаниите ќе ги намалуваат бројот на вработените или работењето. Напротив, во наредниот период компаниите ќе ги објават плановите за нови инвестиции, рече директорот на ТИРЗ Димовски.

Во  компаниите на ТИРЗ Прилеп вработени се над 3000 работници. Градот изминативе години има директни бенефити од постоечките компании, а дополнително изградбата на автопатот Прилеп – Битола создава реални можности за забрзан развој на регионот и привлекување на нови вложувања од странство или од домашните инвеститори.

-Имаме директни вработувања, а индиректниот бенефит за локалната и македонската економија е многу поголем, зашто многу повеќе од 3000 вработени егзистираат од зоната и отвораат можности за нови инвестирања, рече Марјан Ристески, заменик-министер за економија.

 

Би можело да ве интересира

Еден советник замина, друг дојде на неговото место

Елизабета Филипоска

Два пожара во Прилеп, повреден пожарникар

Гордана Цветаноска

Се поставува вертикална сигнализација на Кеј 1 Мај

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе