13.6 C
Прилеп
четврток, 24 април, 2025
Пела Радио

Во црквата „Св. Кирил и Методиј“ Параклис, Прилеп концерт на Камерниот хор од Познањ, Полска

Институтот за старословенска култура – Прилеп, од самото основање негува добра соработка со Република Полска, а со самото тоа и долгогодишни пријателства со наставно-научни работници од различни провиниенции. Во духот на заедничкото словенско потекло и, уште повеќе, црковнословенската писменост, оваа година имаме чест да ни биде гостин еминентниот Камерен хор од Познањ, Chór Kameralny Cappella Musicae Antiquae Orientalis, кој изведува само православни партитури, во рамките на нашиот проект посветен на Културната рута на св. Кирил и Методиј, одобрен од Министерство за култура на РС Македонија. Предвидени се одржувања на два концерти, на 29 април 2025 г. во Прилеп, во црквата Св. Кирил и Методиј – Прилеп, и на 30 април 2025 г. во с. Враништа, Струшко, во црквата св. Никола, каде како коорганизатор се јавува Парохијата Вранишка со м-р отец Ристе Наумоски.

„Cappella Musicae Antiquae Orientalis“ е камерен хор, основан во 1984 година и обединува претставници од различни средини и генерации, специјализирани за изведба на православна црковна музика. Има остварено преку 550 концерти во Полска и во странство, 48 странски турнеи во 20 европски земји (Русија, Италија, Ватикан, Австрија, Латвија, Германија, Холандија, Шпанија, Франција, Чешка, Грција, Данска, Луксембург, Белгија, Естонија, Литванија, Украина, Словенија, Белорусија, Словачка); Шесткратен лауреат (1985, 1986, 1991, 1994, 2001, 2021), вклучително и двократен добитник на првата награда (1986, 1991) на Меѓународниот фестивал за православна црковна музика „Хајнувка“ (Hajnówka). Важен настан во историјата на хорот е учеството во продукцијата на операта „Борис Годунов“ (Borys Godunow) од Мусоргски во Големиот театар во Лоѓ.

Проф. Д-р Леон Заборовски, основач и диригент на хорот, дипломирал на Конзерваториумот „Петар Чајковски“ во Москва (со диплома magna cum laude по хорско диригирање). Во 1985 година го стекнал своето докторско звање на Музичкиот конзерваториум во Москва. Работел на Музичката академија „Игнат Јан Падеревски“ во Познањ од 1978 година. Од 2007 до 2012 година проф. д-р. Заборовски бил раководител на Одделот за хорско диригирање. Од 2012 година е раководител на Одделот за музичко образование. Од 1978 до 1986 година бил диригент на Мешаниот хор на Музичката академија „Игнат Јан Падеревски“ во Познањ. Од 1987 до 1989 година проф. д-р. Заборовски бил и директор на Оперскиот хор во Лоѓ. Со овој хор подготвил неколку премиери како „Борис Годунов“ од М. Мусоргски, „Травијата“, „Набуко“ од Џ. Верди и други. Проф. д-р. Заборовски е иницијатор и уметнички директор на фестивалот „Денови на православната музика“ во Риѕина (2004, 2006, 2008, 2010), како и иницијатор и уметнички директор на фестивалот „Меѓународна средба со православната црковна музика“ во Гроѕиск Виелкополски (2013, 2015, 2017, 2019). Основaњето на камерниот хор за исклучиво православна музика „Cappella Musicae Antiquae Orientalis“ е резултат на неговата фасцинација и многу длабоките студии за оваа прекрасна музика.

Би можело да ве интересира

Што нуди Прилеп за дочекот на Новата 2020 година?!

Елизабета Филипоска

„Најчесто вода нема, а кога ќе дојде е заматена и жолта“, велат жители од Тополчани

Гордана Цветаноска

Бесплатна тел. линија ( 08000210 ) за контакт со мобилните тимови, нема заболени, 76 во самоизолација

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе