10.9 C
Прилеп
вторник, 29 април, 2025
Пела Радио

Седница на Совет на Општина Прилеп-на дневен ред повеќе точки за работењето на училиштата

Седницата започна со барање на советничката група на опозицијата да се надополни дневниот ред со точка за инфорамција за финансиската состојба на јавните претпријатиа од Општина Прилеп, што со мнозинството гласови не бeше усвоена.

Кога ќе дискутираме по ова прашање ако не денеска?  “ се обрати од говорницата, советникот Александар Китаноски.

Првата точка од дневниот ред , извештај на Буџетот на Општина Прилеп за периодот од 01.012 2025 година до 31 март 2025 година повторно наиде на дискусии и дебати во кои советниците „опозиционери“ ја критикуваа власта за нереализирани проекти. Работа на советот продолжи со давање согласност за годишниот план за измена и дополнување за вработување за 2025 година на ЕЛС на Општина Прилеп, иако најголемиот дел од точките се однесуваа за работењето на училиштата.

Советниците дадоа согласност за годишните планови за  вработување во 2026 година во : ООМУ „Ордан Михајлоски-Оцка“ Прилеп,  СОУ „Орде Чопела“-Прилеп, ООУ „Рампо Левката“-Прилеп, ООУ „Кочо Рацин“-Прилеп, СОУ “Орде Чопела“, ООУ „Круме Волнароски“ с.Тополчани-Прилеп и  ООУ „Страшо Пинџур“с. Мало Коњари-Прилеп.  Советниците го прифатија  финансискиот план за новоотворена сметка за проектот Еразмус+ на ООУ „Блаже Конески“-Прилеп, прифатија именување на претставник на Општина Прилеп во Училишниот одбор на ова училиште и дадоа позитивно мислење на Статутот на ООУ “Рампо Левката” – Прилеп.

Со мнозинство гласови беше усвоен и поднесениот тримесечниот извештај за финансиското работење на ЈОУ Дом за стари лица ,,Киро Крстески-Платник’’- Прилеп ( 01.01.2025 година до 31.03.2025 година) а беа именувани и нови членови на надзорниот орган на оваа институција,како и едногласно прифатен  годишниот и финансискиот извештај за работа на ЈОУ Градска библиотека “Борка Талески“- Прилеп.

Со воздржување на дел од гласовите беше прифатена одлуката за кофинансирање на проектот “Подобрување на противпожарната заштита во пелагонискиот региони при набавка на противпожарни возила за ТППЕ- Прилеп, програмите за измена и дополнување на програмата за уредување на градежно земјиштето на подрачјето на Општина Прилеп за 2025 година и програма за изработка на урбанистички планови на територијата на Општина Прилеп за 2025 година.

 

Би можело да ве интересира

Петкоски: „Локалната власт го игнорира писмото на министерката за образование и блок дотациите ги кориси ненаменски„

Елизабета Филипоска

Општина Прилеп го одбележа Меѓународниот ден на Ромите – 8 ми април

Пела Редакција

Вечерва во прилепската библиотека ќе бидат наградени најдобрите

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе