7.2 C
Прилеп
вторник, 3 декември, 2024
Пела Радио

(ВИДЕО)Црвен еко аларм за спас на природните богатства на општина Прилеп-протест кај Градскиот саат

Жителите на Оревоец и Присад добиле известување од Бехтел и Енка дека денеска понеделник, 29 ти април од 13 часот ќе се врши минирање на локалитет во близина на овие две прилепски села за ископување на камен за потребите на градежните активности – изградба на регионален пат Прилеп – Битола. Практично денешното минирање требаше да се случи на 100 тина метри од последните куќи на селото Оревоец. Мирен протест е најавен за денеска во 19 часот на платото пред Градскиот саат во Прилеп.

Во програмата Радио што се гледа разговаравме на оваа актуелна тема со Ѓорѓи Ѓорѓиоски и Тренчо Димитриоски од Комитетот за заштита на природното и културното богатство.

Граѓаните револтирани велат дека ова дополнително ќе го наруши еко системот, почвата, воздухот, а најмногу стравуваат за единствените 4 извори со питка вода кои ги има Прилеп на планината Бабуна.

– Тие четири извори се Пашовски ливади, Лековски извори, Пештерички извори и Изворот Душница. Ние како жители на оваа општина која директно зависи од издашноста на Студенчица, треба да бидеме свесни оти не треба да дозволиме ваквите ископувања да продолжат. Во општината има над 30 концесионери.  Не смееме да дозволиме нови концесии со кои дополнително се нагрдува природата, се уништува еко системот, а во овој случај се доведени во прашање единствените природни извори со питка вода за Прилеп. Мораме да го заштитиме нашето локално природното богатство – водата, вели Ѓорѓи Ѓорѓиоски од Комитетот за заштита на природното и културното богатство.

Дополнително се уништува и биодиверзитетот, ендемските видови кои се на овој локалитет како што е единствениот вид пеперутка Македонска Сивка или Чингова Окатка.

Би можело да ве интересира

Реонот кај стрелиштето „Леково„ два часа ќе биде забранета зона за движење

Пела Редакција

Нови, повисоки цени на горивата

Пела Редакција

Утре, четврток, без електрична енергија три прилепски села

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе