10.9 C
Прилеп
вторник, 29 април, 2025
Пела Радио

Курсеви за биоградинарство – пионерски чекори на прилепскиот Работнички универзитет

Една од најважните вештини е како да се произведе храна. Денес уште поважно е да се произведе здрава храна, за себе, за семејството, а доколку има вишок и за продажба. Тоа е една од основните причини зошто Работничкиот универзитет ,,Пере Тошев“- Прилеп прв пат организираше и спроведе обука за Градинарство за слушатели од цела Македонија. Едукативниот, теоретски и практичен дел го реализира Филип Димкоски, агроном инжинер, млад земјоделец, кој е познат поддржувач на био – градинарството или еколошкото, органското градинарство. „Градината на Филип“ е неговиот втор дом каде практично ги спроведува идеите за производство на здрава храна.

– Храната ќе биде лек ако е произведена во склад со природата. Токму тоа е во основата на овие обуки кои што ги реализиравме. Интересот за обуките е со растечки тренд. Ова е веќе втора група која што заврши со курсот. Со оглед на тоа што обуката овозможува следење и онлајн на теоретскиот дел. Ова се сепак пионерски чекори, но свеста за производство на здрава храна постепено расте, вели Димкоски.

Во рамките на двомесечната обука за органско градинарство учесниците се запознаа како да произведуваат зеленчук на еколошки начин; да направат органски ѓубрива; да компостираат;  да направат препарати за заштита на растенијата; како да ги одредат и распоредат добрите и лошите соседи во градината и други методи за правилни комбинации меѓу зеленчуковите, овошните и зачинските растенија во градината.

Учесниците во обуката се стекнуваат со сертификати, а со завршувањето на втората група од двомесечната обука, започнува период за пријавување за наредната сесија која ќе стартува од почетокот на мај.  Работничкиот универзитет со оваа обука за градинарство што започна од минатата година ги прави пионерските чекори за стекнување со теоретска и практична едукација од областа на еколошкото производство на храна.

 

Би можело да ве интересира

Во прилепско Канатларци се славеше победата на Ердоган

Елизабета Филипоска

Производите на Витаминка пред светската јавност на саемот ISM во Келн

Пела Редакција

Боево гаѓање деновиве во прилепско, битолско, демирхисарско…

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе