18.2 C
Прилеп
петок, 9 мај, 2025
Пела Радио

Во Прилеп одбележани 10 години од Диво Насеље

Денеска се навршуваат 10 години од крвавиот терористички напад во кумановско „Диво насеље“. Еден од загинатите македонски бранители е и 27-годишниот Ненад Серафимовски, кој по мајчина страна има прилепско потекло. Неговото семејство, соборците, пратеници, градоначалникот Борче Јовчески, претставници од ЛС Прилеп, граѓани, денеска положија венци пред неговиот споменик во Прилеп, кој семејството го подигна во негова чест пред неколку години во Паркот од прилепскиот Основен суд.

„Цената беше висока за чување на интегритетот и суверенитетот на нашата држава и мислам дека успеавме како држава да се соочиме и со тој предизвик, – изјави Дејан Проданоски, пратеник во Собранието на Република Македонија.

„Ова да не се повтори, Ненад Серафимовски да биде последната жртва кој што го даде животот за овој безгрижен, сигурен начин на покажување на љубов кон татковината, – посочи Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.

При терористичкиот напад во „Диво Насеље“, освен Ненад, загинаа и Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исмедин Османи, Сашо Самојловски и Горан Стојменовиќ, кои посмртно се одликувани со медалји за храброст. Во 2017-та година за виновни беа прогласени 33 лица, седум од нив добија доживотна робија, 13 беа осудени на 40 години затвор, шестмина по 20 години, а останатите добија од 12 до 18 години затвор, а десетмина од терористите беа убиени уште при престрелките.

Би можело да ве интересира

Карневалска песна „Немам корен“ и се е подготвено за „Прочка 2019“

Елизабета Филипоска

(ВИДЕО) И официјално од 1ви до 3 ти септември ќе се одржи Prilep Beer Weekend на местото од Пивофест

Гордана Цветаноска

Работниците од „Еурокомпозит“ протестираа, бараат исплата на заостанатите придонеси

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе