11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Општина Прилеп ќе бара прогласување на елементарна непогода во регионот зафатен од невремето

Час поскоро земјоделците да ги пријават штетите за да може комисијата да направи увид на терен, апелираше градоначалникот на Прилеп Илија Јованоски, при посетата на оштетениот регион по вчерашното невреме што ги зафати атарите на прилепските села Мало и Големо Коњари, месноста викана Орде Чопела и варошко.
– Ќе побараме од Министерството за земјоделство да не им се пресметува надоместокот за потрошена вода за наводнување на земјоделците од регионов. Друго што ќе направиме е за оние земјоделци кои што немаат имотен лист за површините кои ги обработувале да посредуваме со нотарски акт или нешто слично да посредуваме да докажат дека навистина го обработуваат земјиштето за да добијат надокнада на штетата. Од министерството и ресорниот министер ќе побарам да се прогласи елементарна непогода и на таков начин износот на обесштетувањето да биде повисок.
Оние земјоделци кои немаат соодветен доказ – имотен лист или договор за закуп за земјиштето да приложат со пријавата за проценка на штета ќе треба со изјава на нотар и двајца сведоци да го решат и тоа прашање.
– Бидејќи има ниви со нерешени имотно правни односи каде што земјоделците не можат да приложат имотен лист кон барањето, ќе го земеме и тоа во предвид. Со изјава на нотар со двајца сведоци дека вие како земјоделци ја работите одредената нива и тоа ќе биде прифатено. Се што можеме – ќе направиме, потенцираше Зоран Пачешкоски – раководител на подрачната единица на Министерството за земјоделство во Прилеп.
Во однос на решавање на проблемот на градобијниот систем Пачешкоски рече дека министерството работи на решавање на ова отворено прашање.
Ресорното министерство додаде Пачешкоски има преговори и договори со Полска, Израел каде е решен овој проблемот со активирање на градобијниот систем на соодветен начин.
Земјоделците стравуваат како ќе преживеат и апелираат до општинската власт обесштетувањето да се исплати и тоа што поскоро.
-Овој народ до година треба да егзистира, да живее од нешто, иди есен, иди зима, иди пролет. Наредната година повторно треба да се вложуваат средства и повторно да се засадуваат нивите, рече Тони Петкоски земјоделец, кој го поставии прашањето за пензиското и здравствено осигурување кај регистрираните земјоделци.
Најголемиот број семејства во оштетениот регион на Мало, Големо Коњари и Варош, живеат исклучиво од земјоделство без дополнителни приходи во семејниот буџет од плати или пензии, велат тие. Воедно, голем дел од земјоделците веќе се задолжени за репроматеријали, опрема и заштитни средства кај откупните компании што е дополнителен проблем.
Според првичните сознанија вчерашното невреме зафати површина од земјоделски насади и посеви на над 300 хектари. Оштетувањата се проценуваат на 100 отсто, така што не се очекуваат никакви приходи од актуелната реколта на тутун, пипер, а добар дел од житните култури останаа неожнеани на нивите. Пријавувањето на штетите започна од денеска со поднесување на барања за проценка во пријавницата на Општина Прилеп.

Би можело да ве интересира

Објавени повиците на МОН за финансиска поддршка на ученици и студенти

Пела Редакција

Прилепска пиварница – квалитет кој се граничи со перфекција

Гордана Цветаноска

Редовните прегледи и консултации пресудни во борбата против карцином кај мажите

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе