3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Илинден во чест на Свети Илија – пророк кој го пали и гаси небото

Големиот македонски празник Илинден кој во свеста на македонскиот народ најповеќе асоцира на славното Илинденско Востание и на Крушевската Република, сепак, во својата основа го има свети Илија, лик од христијанската религија кој има значајно место и во народните верувања.

Св. пророк Илија – Илинден, пророк кој пали и гаси на небото и земјата.
Во народното верување свети Илија се смета за клучар кој го отклучува или заклучува небото и го пушта или запира дождот, бидејќи се верува дека тој повела со летните грмотевици.

 

Свети Илија беше Евреин. Живееше далеку пред Христа. Потекнуваше од градот Тесвит, по што и беше наречен Тесвиќанец. Кога се роди, околу него татко му виде Божји ангели како го повиваат во оган и го хранат со пламен, што укажуваше на неговата подоцнежна пророчка служба. Младоста ја помина во постојано богомислие и во молитва, честопати повлекувајќи се на пусти места. Прорече многу настани и направи голем број чуда со силата Божја, што беше во него. Пред крајот на неговиот земен живот го избра за свој наследник пророкот Елисеј, а потоа се вознесе на небото во огнена кочија. Се јави пак при Христовото преображение, а ќе се појави и пред второто Христово доаѓање.

 

Свети Илија или Илија Громовник како што е познат помеѓу народот секогаш се паѓа на ист датум во најсушниот и најтоплиот дел од годината.
Се верува дека токму Илија е тој кој одредува кога и каде ќе падне дожд, а кога ќе биде суша. Поради тоа и до ден денешен во селата се задржал обичајот на Св.Илија да не се работи на поле, за да не се навлече гневот на светителот.
Народот вели дека по празникот Св.Илија полека одминуваат жештините и сонцето е се подраго.
Се верува дека на денешен ден е добро да јадете мед за здравје. Некогаш обичајот бил мајките да ги намачкаат децата со мед за цела година да бидат здрави.

Останало забележано во записите на Марко Цепенков дека „во лето време кога да биет ровја, Св. Илија трчал со кочијата по облаци, за да ја втаса ламјата и штотуку да ја втасал ќе врлел со еден камен морски и одошто силно ќе удрел со камчето, огон силен излегувало и кај ќе удрело ќе расипело и ќе убиело. Ламјата од страв кај ќе и се вдаит, тамо ќе се скриет, за да не ја убиет. Тешко му кај ќе се скриет.”
Веќе споменатите функции на Свети Илија да располага со небесните височини, со облаците и дождовите се опеани и во една песна од зборникот на Миладиновци:
На Свети Илија што му паднало?  
Паднало му летни грмежи,
Он да имат, он да и повељат.
Христијани страхот да му имат.
Како што се пее во оваа песна кога легенските христијани започнале да не го слават Бога, ниту другите светци од годината, кога започнале и меѓусебно да не се почитуваат, Свети Илија бил тој што од Бога побарал за нив казна.
И што беше стар Свети Илија,
помоли се на наш Христос,
та му даде кључеве од небеси,
си закључи м’гли и облаци,
три години дожд не заврна,
три години с’нце не угреа,
три години ветер не подунал,
не се роди ни вино ни жито.
Дури по три години кога сфатиле дека мораат да се покорат на Божјите закони и кога се покајале,
дури тогај дожд им заврнало,
што сејали све им се родило,
родило се и вино и жито.

Свети пророк Илија

Ангел во тело, столб на пророците, втор претеча на Христовото доаѓање, Илија славен, откако одозгора му испрати благодат на Елисеј, овој болести прогонуваше и прокажени очистуваше. Затоа на оние што го почитуваат им дава исцеление.

Би можело да ве интересира

Во Долнени и Кривогаштани отворени подрачни канцеларии на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа – Прилеп

Гордана Цветаноска

Насилството има лице, затоа: Препознаj, Блокирај, Пријави! (ВИДЕО)

Гордана Цветаноска

Боево гаѓање во Леково

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе