18.5 C
Прилеп
четврток, 19 септември, 2024
Пела Радио

Прилеп го одбележа 2 Август – Денот на републиката

Со положување свежо цвеќе пред спомен обележјата на Методија Андонов – Ченто, Кузман Јосифоски – Питу, Ѓорче Петров, Пере Тошев и на Могилата на непобедените, делегации од Локалната самоуправа, Совет на Oпштина Прилеп, Здружението на борции претставници од политичките партии им одадоа почит на сите заслужни дејци и револуционери кои го дале животот за слободна и независна Македонија, со тоа одбележувајќи го големиот државен празник 2 Август – Денот на републиката.

„Оваа година, одбележуваме 116 години од Илинденското востание и 75 години од Првото заседание на АСНОМ. Одаваме голема и длабока почит на Илинденците и револуционерите кои ги ставија темелите и го покажаа патот на новата македонска независна држава. Сите ние треба да се поклониме пред она што направија за нас и за идните генерации, затоа ги повикувам сите граѓани на Прилеп, сите политички партии и чинители во општеството да дадеме се’ одсебе, да покажеме заедништво зашто единствениот пат е Европската унија. Нека е за многу години празникот Илинден“, посочи градоначалникот Илија Јованоски во својата изјава.

„Денешниот ден е еден од најважните денови за македонскиот народ, запишан со златни букви, зашто во 1903 година македонците се организирале во македонско–револуционерна организација и за прв пат кренале востание за ослободување на македонскиот народ и за формирање на држава“, посочи Илија Велкоски од Сојуз на борци на град Прилеп.
Оваа година, се одбележуваат 116 години од Илинденското востание и 75 години од Првото заседание на АСНОМ.

Би можело да ве интересира

Кафулињата од денeска отворени. Но, пред пиење кафе, дезифицирање на раце

Елизабета Филипоска

Средношколците продолжуваат со бојкот

Елизабета Филипоска

На пругата пред Велес се запали локомотива, а железничкиот сообраќај беше во прекин

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе