СОУ ”Наум Наумовски-Борче”- Крушево воспостави соработка со Средното стручно училиште и Gимназија “Вилмош Жолнаи” од унгарскиот градот ПЕЧУЈ. Директорите на две средни училишта потпишаа договор со кои во иднина соработката ќе опаќа повеќе активности во кои ќе бидат вклучени и учениците и наставниците од двете училишта : размена на ученици, натпревари од областа на гастрономијата и послужувањето,но и соработка помеѓу двете гимназии,од Крушево и Печуј.
На средбата на потпишувањет беа присутни Амбасадорот на Република Унгарија во Репбублика Македонија, Градоначалникот на Општина Крушево и преставнци од јавниот сектор.
По потпишувањето на договорот гостите беа послужени и со гурмански специјалитетеи токму, во ресторанот кој е во склоп на СОУ ” Наум Наумовски-Борче”-Крушево,при што беа послужени традиционални јадења карактеристични за Македонија и градот Крушево.
Во изминатите неколку дена унгарските гости ги разгледаа убавините на Крушево, се запознаа со неговата култура, традиција и храна.
Снежана Миленковска директорката на училиштето СОУ ”Наум Наумовски-Борче”- Крушево изјави “Горди сме што успеавме да воспоставиме соработка со Средното стручно училиште и гимназија “Вилмош Жолнаи”,од Унгарија.Но, нашето училиште планира да воспоствува соработки и со други училишта, надвор од границите на Република Македонија. Во иднина ваквите соработки ќе бидат практика, не само со Унгарија, туку и со останатите држави, со цел заедно да придонесиме за одлична промоција на училиштето и град Крушево”, изјави Миленковска